„Во Подгорица еден авион е вратен на дополнителна контрола. Во моментот полициски екипи прават контроли на аеродромот“,велат од аеродромот во Подгорица.
Од Министерстовто за внатрешни работи на Црна Гора пристигна известување дека на персоналот на аеродромите во Подгорица и Тиват им се заканувале од број од странство.
„Управата на полицијата согласно сите процедури презима мерки во област на своите надлежности, а јавноста ќе биде благовремено известена“,
рекоа од црногорското МВР.
Аеродромските служби им наредиле на сите пилоти кои требало да слетаат на аеродромите да кружат се додека не завршат проверките на полициските службеници.







