Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Драма на истокот на Европа: Белорусија пропушта илјадници бегалци во Унијата
Европа

Драма на истокот на Европа: Белорусија пропушта илјадници бегалци во Унијата

ноември 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Состојбата на надворешните граници на Европската унија кон Белорусија со секој ден е подраматична, а ситуацијата со мигрантите, кои од Белорусија настојуваат да продрат во Полска, Литванија и Латвија, се повеќе ескалира.

Планот на Александар Лукашенко да предизвика криза во тие држави со пропуштање на мигранти кон Унијата продолжува и доведува до се поголеми проблеми. Варшава предупредува дека белоруските граничари ја сечат жичаната ограда на границата за да им овозможат на мигрантите да стасаат до Полска.

Дури и полскиот министер за одбрана Мариуш Блажчак на својот Твитер профил објави фотографии на кои се гледаат белоруски војници кои со големи ножици и клешти како настојуваат да ја пресечат бодликавата жица на границата.

Неодамна вооружени белоруски граничари преминаа на полска територија и им се закануваа на полските војници дека ќе пукаат на нив ако се обидат да ги заробат, а вчера полска патрола забележа неколку белоруски војници како до граница спроведуваат група од дури 250 мигранти.

Полските гранични служби веќе известуваа за повремени истрели од белоруска страна – се пука главно со маневарска муниција, но користат и петарди и димни бомби кои ги фрлаат на границата за да им овозможат премин на мигрантите.

Заради се потешката состојба на границата со Белорусија, Полска гради челична ограда висока 5,5 метри, ставаат камери и бодликава жица, а во Варшава велат дека до средината на 2022 година таа би требала да биде готова по целата должина на полско-белоруската граница.

И Литванија почна со изградба на челична ограда кон Белорусија, висока четири метри. Ќе се протега по должина од околу 500 метри и ќе чини повеќе од 150 милиони евра, заради што Вилнус побара помош. Како што велат во тамошното Министерство за одбрана, оградата би требала да биде готова до крајот на 2022 година.

И Латвија најави дека ќе ги засили воените сили кон Белорусија и ќе растегне бодликава жица затоа што се забележува се поголем мигрантски притисок и на тој дел од границата.

Полска не го обвинува само Александар Лукашенко дека со правење мигрантска криза на надворешните граници на Европската унија сака да ја дестабилизира Полска, балтичките држави и целата Унија, туку прстот го вперува и во Русија. Полска смета дека на Лукашенко во се му помага и му суфлира Москва, посебно поради фактот дека Белорусија и Русија се пред спогодба која на Русите ќе им овозможи контрола на белоруската граница.

Освен тоа, Русија ја прозиваат и за тоа дека ги пропушта мигрантите преку својата територија во Белорусија. И Минск и Москва ги отфрлаат сите обвинувања тврдејќи дека не се занимаваат со шверц на мигранти, а од Кремљ порачуваат дека тоа прашање Брисел мора да го реши „очи во очи“ со Лукашенко. Белорускиот авторитарен претседател дури вели дека сите тие напади на него се само пропагандна војна и дека не постои никаква белоруска мигрантска рута, а особено дека не спонзорира режим.

Како и да е, граничното подрачје на Белорусија кон европските соседи е преполно со очајни луѓе кои се обидуваат да се дофатат до Европската унија. Никој не знае колку точно мигранти има во Белорусија. Се споменуваат десетици илјади луѓе, затоа што Лукашенко им овозможи на многумина од подрачјето на Блискиот исток, од средна Африка, Иран и Авганистан да купат белоруска виза при самиот влез во државата.

Но, откако Полска, Литванија и Латвија го засилија обезбедувањето на границите и почнаа да ги враќаат уапсените мигранти назад во Белорусија, особено сега при доаѓањето на зимата, лукашенко се најде во непријатна состојба. Голем број мигранти повеќе не можат толку лесно да ја преминат границата, а тој не сака да им осигура никакви бегалски кампови, ниту да им даде каква било заштита.

Заради тоа многумина предупредуваат за можна хуманитарна криза. Ретки белоруски хуманитарни организации се грижат за мигрантите кои се движат крај граничната линија без соодветна облека и обувки, а никој не им осигурува ни храна ни вода.

Освен тоа, мигрантите се се повеќе во Минск и останатите белоруски градови каде што питачат или се пикаат по влезовите од зградите за да преспијат и да се одморат, па се забележува и се поголемо незадоволство од граѓаните заради таквата состојба.

Некои го предупредиле Лукашенко дека играта со мигрантите би можела да му се врати како бумеранг, па тој сега го запре издавањето визи на аеродромот во Минск и им забрани на белоруските туристички агенции да продаваат аранжмани во тие земји, а на националната авионска компанија и издаде наредба да не прима патници без виза.

актуелно бегалци Белорусија граница Европа латвија литванија Минск Москва ограда Полска помош русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.