Корисниците на Фејсбук и Инстаграм ширум светот имаат проблеми со споделувањето или пристапувањето на содржини на мобилната апликација.
Проблем на Фејсбук е евидентиран пред два часа, по локално време, а поинтензивно после 17 часот.
Повеќето корисници на успеваат да отворат фотографии, да снимат линкови, а на екраните им се појавувале пораки дека „не е достапен описот на фотографијата“ или дека „постои проблем со споделување статусот. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути.“
Најповеќе забелешки на проблемите на Инстаграм стигнуваат од централна Европа, додека за неработењето на Фејсбук најмногу се жалат жителите на Соединетите Американски Држави.
Бројот на примедби околу 15 часот изнесуваше околу седум илјади, а два часа подоца беше дури 12 илјади.
„Свеси сме дека некои луѓе имаат проблем да пристапат до Фејсбук апликациите, вклучувајќи го и Истаграм. Работиме а тоа и правиме се што е во наша можност работите да бидат нормални што е можо побрзо“, соопштуваат од Инстаграм.