Државна видеолотарија на Македонија како модерна компанија, настојува да
одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното
време на бизнисот. Последниве години, општествената одговорност за нив стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење.
Компанијата сака да биде одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество. Во 2015 започнаа со скромен фонд од 261.000 денари, кој го зголемуваа секоја следна година. Во следните години за оваа намена беа издвоени
1.200.000 денари, па 3.103.000 денари за оваа година. Следната година, овој фонд планираат да биде дополнително збогатен.
Кога ја добиле идејата за детската кардиохирургија при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детска хирургија, раководство на Државна видеолотарија безрезервно одлучило да ја подржи. Со донација од 1.230.000,00 денари се вклучија во набавка на апарат кој ќе биде од примарна важност за функционирањето на новоформираниот одел.
До крајот на годинава, Државна видеолотарија како иницијатор ќе поттикне една друга слична акција, која веруваат ќе резултира со уште еден убав проект кој ќе се однесува на здравствените придобивки за најмладите.
Овие активности ќе продолжат и ќе бидат проширени и во текот на следната 2019 година. Од компанијата сакаат да дадат свој придонес и во спортот, образованието, културата, здравството. Посакуваат, велат и ќе се потрудат, да придонесат и за поголеми придобивки на општеството како целина.
Со тек на време, со континуирано следење на новините, со задоволување на барањата за квалитет и стандарди на светско ниво, Државна видеолотарија настојува да прерасне во една од најсилните македонски компании, која ќе има огромен придонес во унапредувањето на националната економија, но и општеството во целина.







