Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Државните институции подобрени во јавните набавки, но далеку потребното ниво
Економија

Државните институции подобрени во јавните набавки, но далеку потребното ниво

февруари 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Транспаретноста, отчетноста и во процесот на јавните набавки кај министерствата, владините секретаријати и Собранието во 2017 година е малку подобрена, покажува анализата направена од Центарот за граѓански комуникации.

Во анализата се наведува дека ниту една институција не ги исполнува сите или барем доминантен дел од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во сите фази од процесот на јавни набавки. Ниту една институција не е рангирана во високото ниво на транспарентост, ниту, пак, во најслабото ниво. Најголем дел од институциите се рангирани во „ограниченото“ ниво, со исполнување на критериумите меѓу 40 и 60
проценти.

Најслабо рангирани се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи, со исполнување на само 37 проценти од утврдените критериуми, додека најдобро рангирани се Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и Секретаријатот за европски прашања, кои исполнуваат 71 процент од критериумите.

Интерес е податокот дека највисоко рангираните институции трошат најмал дел од парите за јавни набавки, а институциите со најниска процентуална исполнетот на критериумите, трошат дури 39 проценти од вкупните средства за јавните набавки.

Така, Министерството за образование и наука како најниско рангираната институција, има најголем обем на набавки.

Податоците укажуваат дека расте бројот на тендери со поразумни рокови за прибирање понуди од законски минималните, но се уште продолжува проблемот со високиот удел на тендери на кои има само една понуда што ги доведува во прашање конкуретноста, еднаквиот третман и недискриминацијата на фирмите. Според анализата, кај една третина од набавките имало само една понуда.

Повеќе од половина од институциите ја користеле постапката со преговарање без објавување оглас и ваквите договори учествуваат со седум проценти во вкупната вредност на договорите на институциите.

Исто така, секој четврти тендер бил поништен, а процентот на целосно или делумно поништени тендери кај одделни институции се движи од 0 до 77 проценти. Секретаријатот за законодавство нема поништени тендери, а најмногу, дури 77 проценти, се поништени во Министерството за здравство.

Дури 19 проценти од поништените тендери се поради тоа што институциите оцениле дека ниту една од пристигнатите понуди не е прифатлива, што, како што се наведува во анализата, се смета за една од најсубјективните причини за поништување на тендерите.

Во однос на жалбите има подобрување, односно намален е уделот во споредба со претходната година.

Анализата покажува дека само две институции ги објавуваат на своите веб-страници огласите за јавни набавки, известувањата за склучените договори, како и самите договори и нивните анекси, додека ниту една не објавила известување за реализиран договор за јавни набавки.

Првпат истражувањето беше спроведено минатата година за набавките на институциите во 2016 година. Ова е второ рангирање и е направено за начинот на спроведување на јавните набавки во институциите во 2017 година, како последна целосно завршена година. Исто вакво истражување ќе се направи и до година за набавките во 2018 година.

државни институции јавни набавки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.