Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европската Унија се подготвува за Брегзит без договор
Македонија

Европската Унија се подготвува за Брегзит без договор

март 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Комисија ги објави утрово подготовките за Брегзит без договор и ги повикува граѓаните и фирмите да се информираат за сите можни последици од ова сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Со оглед на тоа дека е сѐ поверојатно дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската Унија без договор на 12 април, Европската Комисија денеска ги комплетираше своите подготовки за Брегзит „без договор“, соопшти прес службата на ЕК.

Европските шефови на држави и влади минатата недела и дадоа два рока на британската премиерка Тереза Меј да се изјасни за наредните чекори. Доколку таа успее да собере мнозинство во Парламентот околу договорот за повлекување од ЕУ до 29 март, Брегзит се одлага до 22 мај.

Во спротивно, се одлага само до 12 април. Бидејќи рокот е многу кус, а политичката криза во Британија не стивнува, станува сѐ поизвесно дека сите страни треба да се подготват за Брегзит без договор, сценариото кое најмалку го посакуваа двете страни.

Конкретно, Брегзит без договор ќе значи дека Обединетото Кралство по 12 април станува трета земја и односите меѓу ЕУ и Лондон ќе се водат согласно меѓународното право и правилата на Светската трговска организација (СТО).

Договорот за повлекување, односно договорот за Брегзит, кој го отфрли британскиот Парламент, имаше за цел токму да воведе транзициски период, за напуштањето на Британците да не биде брутално и да се избегнат максимално секакви непосакувани последици на недоволна подготвеност.

Од 12 април, ако нема договор, правото на ЕУ нема повеќе да се применува во Обединетото Кралство, нема да има транзициски период, што „јасно ќе предизвика значајни нарушувања за граѓаните и фирмите“, предупредува Европската Комисија.

„ЕУ ќе мора веднаш да ги применува своите правила и царини на границите со Обединетото Кралство, што вклучува проверки и контроли на царините, на санитарните и фитосанитарните стандарди и верификација на усогласеноста со ЕУ нормите, стои во соопштението.

Покрај ова, Британците нема повеќе да можат да аплицираат за ЕУ грантови, а британските граѓани нема повеќе да бидат граѓани на ЕУ.

„Тие ќе бидат предмет на дополнителни проверки кога ќе ги минуваат
границите на ЕУ, предупредува ЕК.

Земјите и институциите на Европската Унија се подготвуваат речиси две години за ова сценарио, уверуваат службите на Европската Комисија. До денеска, извршната власт поднела 19 предлог-закони, од кои 17 се веќе одобрени од страна на ко-одлучувачите, Советот и Парламентот, или се во тек.

Меѓу овие мерки се наоѓаат буџетот на ЕУ во случај на Брегзит без договор, надоместоци за рибарите кои нема повеќе да имаат пристап до британските води, безбедноста на авионскиот сообраќај, програмите за студентска размена или, пак, визните политики, информираат од ЕК.

Мерките се привремени и ќе бидат унилатерално усвоени од страна на Европската Унија.

актуелно Брегзит догоор Европска унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.