Еврото денеска ослабе спрема доларот на меѓународните девизни пазари под влијание на очекувањата дека челниците на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе бидат воздржан во поглед на пораките за монетарната политика во еврозоната на неформалниот собир во американскиот град Џексон Холеј.
Еврото во однос на доларот ослабе за 0,2 отсто во утринските тргувања во Европа, симнувајќи се на 1.1790 долари.
Вчера заедничката европска валута зајакна за 0,5 отсто спрема доларот, најмногу во овој месец, и покрај тоа што трговците ги разочара внимателноста на челниците на ЕЦБ, која можеше да се исчита од записникот на банката од јулската седница.
Аналитичарите предвидуваат дека челниците на ЕЦБ ќе водат сметка за тоа да не го „потурнат“ еврото над стапката од 1,20 долари, со оглед на тоа дека таа во ЕЦБ е означена како чуствителна.
Во однос на франкот и фунтата еврото зајакна, достигнувајќи 1,1368 франци и 91,59 пени.







