На светските девизни пазари еврото кон доларот зајакна и изминатата недела, веќе трета по ред, па неговиот курс достигна највисоко ниво за две и пол години.
Цената на еврото во однос на американската валута во неделава што измина порасна за 0,8 отсто, на 1,1750 долари, а во еден момент достигна 1,1777 долари најголемо ниво од јануари 2015 година.
Доларот ослабна и кон јапонската валута, па курсот падна за 0,4 отсто, на 110,65 јени.
Заради тоа, индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на шестте најважни светски валути, минатата недела падна за 0,2 отсто, на околу 93,70 поени. Во еден момент се симна на само 93,26 поени, најниско ниво од јуни 2016-та.
Зголемувањето на еврото спрема доларот четвртта недела од последните пет е благодарение на уверувањето на инвеститорите дека американскиот Фед нема да брза со затегнување на монетарната политика, додека Европската централна банка наскоро може да најави намалување на поттикнувачките монетарни мерки.
Во фокусот на пазарот во последните седум дена беше соопштението на Фед, во кое американската монетарна власт нешто поотворено отколку порано ја истакнаа слабата инфлација. Иако Фед порача дека планира да продолжи со постепено зголемување на каматите, инвеститорите многу не се уверени во тоа.
Трговците на пазарот на пари сега проценуваат дека изгледите за зголемување на каматите на Фед во декември се значително помали од 50 отсто, додека неодамна беа значително поголеми.
Оттука е продолжено слабеењето на доларот кон кошницата со останатите најважни светски валути, а најмногу во однос на еврото.
Доларот во изминатите четири недели во поглед на европската валута ослабна приближно за три отсто, а од почетокот на гоината за околу 11,5 отсто, што доведе до загриженост околу тоа до кое ниво Европската централна банка ќе биде подготвена да го допушти јакнењето на еврото без превземање на какви било интервенции.
„Седмомесечното зголемување на еврото, кое резултираше со негово преминување на горната граница на разликата од 1,0341 до 1,1714 долари, во внатрешноста на која се движи во последните три години, ги доведе во прашање нашите очекувања дека движењето на курсот на тој валутен пар ќе се задржи во тие рамки до крајот на годината“, се наведува во новите проценки на Барклејс банката (Barclays bank).
На доларот не му помогнаа ни податоците за забрзувањето на растот на американската економија. Во петокот беше објавено дека бруто домашниот производ (БДП) во второто тромесечје пораснал за 2,6 отсто, побрзо во однос на 1,2 отсто во првиот квартал. Но, тоа е во склад со очекувањето на аналитичарите, па не го поттикна курсот на доларот.
„Тоа многу не влијаеше на дебатата за изгледите во врска со монетарната политика на Фед. Затоа сме оставени во опкружување во кое расположението е јасно свртено против доларот, а во корист на еврото“, вели Омер Есинер, аналитичар во фирмата Комонвелт Фореин Ексчеинџ (Commonwealth Foreign Exchange).
Во фокусот на инвеститорите минатата недела беше и швајцарската валута затоа што франкот кон доларот ослабе за повеќе од два отсто. Неговите загуби беа уште поизразени кон еврото, затоа што вложувачите станаа пооптимистични во поглед на сопственоста искажана во евра после неодамнешните оптимистички коментари од центарот на монетарната власт во еврозоната.
„Традиционално блиската корелација меѓу еврото и франкот се менува затоа што се се посилни очекувањата дека Европската централна банка ќе почне лесно да ја приведува кон крај својата попустлива монетарна политика“, истакна Масаши Мурата, девизен аналитичар во Браун Брадерс Хариман (Brown Brothers Harriman).
Аналитичарите во банката Морган Станли (Morgan Stanley) очекуваат понатамошно слабеење на франакот затоа што сметаат дека тој и понатаму е ’најмногу прецената валута во групата на 10 најголеми светски економии Г-10’“.







