Фудбалските клубови Челси и Рома постигнаа договор за трансфер на напаѓачот Един Џеко во лондонскиот клуб, пренесе денеска Скај Италија.
Како што се наведува, Челси сеуште не се договорил со Џеко, а за сега не е јасно дали е проблемот во должината на договорот или неговата вредност, а се шпекулира и дека станува збор за минутажата на Џеко во оваа сезона.
Наводно, освен 31-годишниот напаѓач од БиХ, од Рома во Челси би можел да премине и Емерсон Палмиери. За нив лондонските сини би требало да платат 44 милиони фунти плус 13,2 милиони фунти бонуси.
Британските медиуми пренесоа дека во рамки на договорот Челси на Рома и го понудил напаѓачот Миши Батшуаи.







