Една и пол година затвор за екс началникот на УБК, Горан Грујовски кој е во екстрадициски притвор, за незаконско уништување на документацијата за нелегалното прислушување.
Една од службеничките кои учествувале во процесот на уништување доби 2 години условна казна, додека пак останатите пет добија 9 месеци исто така условна казна.
Судењето за овој предмет наречен „Тврдина 2“ траеше точно една година бидејќи СЈО се соочуваше со пречки во водењето на постапката, како отсуството во постапката на Грујевски, декласификацијата на документи од Урпавата, барањето безбедносни сертификати и сл.
Околу 3.000 документи биле уништени во црни ќеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.







