Македонија е рангирана за најзагадена земја во Европа со загадување десет пати повеќе од дозволеното, вака започнува прилогот на Еуроњуз.
Телевизијата понатаму пренесува дека причината за големото ниво на загаденост е густиот сообраќај и употребата на печките за греење на дрва кои предизвикуваат зголемување на ПМ 10 честичките во воздухот.
Загадувањето секојдневно ги преполнува болниците, а владата ќе го намалела загадувањето за 50 проценти во наредните две години, пренесува Еуроњуз.







