Денеска во рамки на хуманитарната трка „Скопје трча 10 километри“, чија примарна цел е да се помогне на младинците од СОС Детско село, учествува и екипа на Државна видеолотарија на Република Македонија.
Како општествено одговорна компанија ДВРМ го препозна хуманиот карактер на трката насловена како „Секој километар е важен“ и заедно со Државна Лотарија на РМ ќе дадат свој придонес кон собирање средства за изградба на Младинската куќа во СОС Детското село, во Радишани.
Тимот на Државна видеолотарија го препозна потенцијалот на овој убав настан кој во себе ги обединува спортот како начин на здрав живот и хуманоста за младинците од Детското село.
Екипите на Државна видеолотарија на Македонија и Државна Лотарија на Македонија ќе бидат позиционирани со свој штанд на местото од каде трката ќе започне.
Почетокот на „Скопје трча 10 километри“ е во 9 часот.
Стартот е до фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, а и самиот финиш ќе биде на истата локација. Трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.







