Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Економијата е главниот адут на СДСМ за изборите во април
Македонија

Економијата е главниот адут на СДСМ за изборите во април

март 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сто илјади нови работни места и раст на платите, Грижа за сите, Ред дисциплина и правда, Ние сме НАТО одиме кон ЕУ и Сите за еко држава се петте столба на кои се темели изборната програма на СДСМ, насловена „Можеме! Уште повеќе, уште подобро“, која денеска на Конгресот на партијата ја претстави нејзиниот лидер Зоран Заев.

Тој пред присутните на 24. Конгресот вечерва, на кој СДСМ треба да ги објави носителите и листите за пратеници на наредните предвремени парламентарни избори, рече дека СДСМ е партија предводник на промените, партија која го унапредува политичкиот плурализам и партија прогресот во Северна Македонија.

„Со мерките и политиките во Програмата градиме економски силна и стабилна земја. Праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската Унија. Зелена, еколошка, дигитализирана, иновативна држава која има што да им понуди на своите млади. Развиваме држава за достоен живот. Држава со пристојна живеачка за сите. Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Плата од која останува и за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат. Држава која младите ги развива рамо до рамо со нивните врсници од Европа. Ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, сигурни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро“, порача Заев, презентирајќи ја програмата пред членовите на Конгресот.

Заев нагласи дека нема да престанат со заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани и вети минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот –

„Тоа е нашата понуда до граѓаните. Покажавме дека со СДСМ платите растат повеќе и побрзо. Но, знаеме, можеме и ќе обезбедиме да растат уште повеќе, за уште подобро за граѓаните. Пензиите ќе пораснат 21 отсто и тоа 6 отсто во 2021, 7 отсто во 2022 и 8 отсто во 2023 година. Минималната пензија ќе порасне од 8.000 на 10.700 денари“, најави Заев.

До крајот на новиот мандат, социјалната помош која сега е поголема за 300 отсто, истакна лидерот на СДСМ, ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. Најави поголем опфат на децата во предучилишна возраст, ослободување од плаќање партиципација за градинка сите деца од семејствата со ниски приходи, додатоците за сите права за попреченост ги зголемуваме за 15 отсто во 2021 година, изградба на 777 социјални станови, нов клинички центар Скопје, а во Охрид, Тетово и Струмица модерни регионални здравствени центри…

Во столбот посветен на правосудството Заев најави прочистување во правосудството.

„Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе се врши темелна ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Ако за две и пол години донесовме правичност, ќе донесеме и правда и одговорност“, увери претседателот на СДСМ пред делегатите.

Како еден од најголемите успеси на Владата на СДСМ, рече, е членството на државата во НАТО што значи сигурна иднина и гарантиран брз економски развој затоа што Северна Македонија добива пристап до пазар од четири милијарди евра годишно.

„Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Започнуваме преговори со ЕУ, ја европеизираме Северна Македонија и го трансформираме општеството на подобро. До крајот на мандатот, до 2024 ќе отвориме 80 отсто од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европски фондови обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија“, рече Заев.

Петтиот столб од Програмата, „Еко држава“, вклучува многу мерки во насока на обезбедување чист воздух и здрава животна средина, како строга контрола и високи казни за загадувачите, комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби, тројно повеќе еко инспектори и тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри, двојно повисоки казни за граѓаните кои загадуваат.

„Помошта за нашите граѓани за современ и еколошки начин на загревање продолжува уште повеќе и уште подобро. 60.000 домаќинства ќе добијат бесплатен еко инвертер со цел забрана за употреба на фосилни горива. Обезбедуваме субвенции за приклучување на централно греење и за набавка на филтри на оџаците на домаќинствата. Гасот пристигнува до семејствата, а данокот за увоз на електрични и хидрогенски возила го укинуваме“, заклучи Заев.

Гости на 24. Конгресот на СДСМ беа лидерите на ВМРО-НП и на Обединети за Македонија, Љубчо Георгиевски и Љубе Бошкоски, претседателот на БЕСА новиот коалицискиот партнер на СДСМ, Билал Касами, а од НСДП беше потпретседателот и пратеник, Горан Мисовски.

 

(Извор/Фото: МИА)

актуелно Беса Зоран Заев конгрес нсдп сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.