Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Експерти: Подигнувањето на свеста клучно за рано откривање и третман на дијабетесот во Европа
Европа

Експерти: Подигнувањето на свеста клучно за рано откривање и третман на дијабетесот во Европа

ноември 18, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на дијабетес низ Европа, здравствените системи се соочуваат со се поголеми проблеми, оставајќи милиони луѓе без доволен пристап до рана дијагностика, превентивна нега и иновативни третман, заклучија учесниците на тематската расправа во Европскиот парламент фокусирана на квалитетна превенција и грижа за дијабетесот.

Во дебатата беше оценето дека кризата со дијабетесот во Европа достигнува невидени размери, при што еден од десет Европејци сега живеат со ова заболување, а дури една третина од случаите на дијабетес остануваат недијагностицирани.

Според претседателот на огранокот на Меѓународната федерација за дијабетес (ИДФ) за Европа, Тадеј Бателино потребни се итни мерки за рана интервенција во справувањето со дијабетесот.

– Од суштинско значење е да сфати дека покачените нивоа на гликоза се опасни, бидејќи претставуваат значителни ризици не само за кардиоваскуларниот систем, туку и за мозокот, бубрезите и очите. Дури и раните зголемување на гликозата можат да бидат штетни и значително да го зголемат ризикот од хронични компликации, истакна Беталино.

Тој оцени дека е потребно дијабетесот да се идентификува и да се третира уште на самиот почетокот за да се спречат тешки компликации.

– За среќа, на располагање ги имаме потребните алатки. Подигнувањето на свеста е клучно за рано откривање на дијабетесот со користење на достапната технологија и проследено со навремени интервенции со ефикасни лекови и модификации на животниот стил, порача Бателино.

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп. Ова беше

Европратеникот Петер Агиус, пак, оцени дека здравствените системи во ЕУ мора да ја препознаат фундаменталната важност на превенцијата од дијабетес, истакнувајќи дека постојат значителни разлики меѓу земјите членки во дијагнозата, третманот и превенцијата на оваа болест.

– Го делиме истиот континент, но сепак некои земји членки водат регистри за дијабетес, додека други не. Во одредени земји, медицинските сестри се обучени да препишуваат лекови, додека во други не се обучени. Дополнително, некои земји членки обезбедуваат надомест за грижа за дијабетесот, додека други не, рече Агиус, посочувајќи дека овој нееднаков пристап спречува многу лица со дијабетес навремено да го добијат лекувањето што им е потребно.

Потсетувајќи дека Европскиот парламент во 2022 година усвои Резолуција за дијабетесот, Агиус нагласи дека од клучно значење е да се зајакне повикот за акција од страна на сегашниот парламентарен состав.

– Имаме пет години пред нас и мораме да се погрижиме дијабетесот да се искачи во првите редови на политичката агенда. Ветувам дека ќе работиме заедно за да го оствариме ова, користејќи ги сите алатки достапни во Европскиот парламент, истакна малтешкиот европратеник.

Општиот лекар Франсеск Ксавиер Кос смета дека иако постојат многу иновации и нова технологија, тие не се адекватно прифатени во третманот на дијабетесот.

– Ова преставува огромна бариера. Технологиите можат да го трансформираат начинот на кој обезбедуваме грижа, но потребен е храбар став на оние што носат одлуки. Сегашниот систем е неодржлив и е на работ на колапс, смета Кос.

Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 - годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме. Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство

Според ИДФ, додека некои земји во Европа прават значајни чекори во грижата за дијабетесот, други заостануваат, што резултира со сериозна нееднаквост во последиците по пациентите на целиот континент.

Во анализа на ИДФ се посочува дека главен проблем претставува отсуството на координирани национални планови и регистри за дијабетес во многу земји членки на ЕУ.

Во документот се нагласува дека во моментов само 15 земји на ЕУ имаат воспоставено национален план за дијабетес, неколку други, вклучувајќи ги Белгија, Естонија, Луксембург и Унгарија, се во процес на создавање вакви рамки, а седум држави, меѓу кои и Бугарија, Данска, Франција и Шведска, допрва треба да изработат сеопфатна стратегија.

– Земјите се трудат да го сфатат целосниот обем на кризата со дијабетесот и да формулираат соодветни одговори без веродостојни и инклузивни податоци. Националните планови и регистри за дијабетес ја олеснуваат координираната грижа, поддржуваат рана дијагноза и овозможуваат редовни прегледи, се наведува во анализата.

Според ИДФ, додека основните алатки за третман на дијабетесот, како што се шприцовите и мерачите на гликоза, се широко достапни низ Европа, пристапот до понапредна технологија, како што се континуираните монитори на гликоза (ЦГМ), не е подеднакво овозможен насекаде.

ЦГМ обезбедува податоци во реално време кои им овозможуваат на пациентите да ги приспособат своите планови за лекување. Сепак, како што се посочува во анализата, овие уреди се достапни само во одредени земји и обично се ограничени на пациенти со специфични состојби или во рамките на одредени програми за здравствена заштита.

Со приложена потврда од лекар специјалист граѓаните со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојб

Во анализата на ИДФ како друг клучен проблем се посочени и нередовните и не секогаш достапни прегледи за компликации поврзани со дијабетесот, како што се заболувања на очите, бубрезите и кардиоваскуларните болести.

– Раното откривање на овие компликации е од витално значење за забавување на прогресијата на болеста и подобрување на состојбата на пациентот. Сепак, само околу половина од земјите на ЕУ обезбедуваат редовни прегледи за сите пациенти со дијабетес, а пристапот до овие основни услуги е уште поограничен за оние во руралните или недоволно развиени области, се наведува во документот.

Дополнително се посочува и дека преземените превентивни мерки значително се разликуваат од земја до земја ЕУ. Па така, додека некои земји спроведуваат сеопфатни мерки за справување со факторите на ризик, како дебелината, пушењето или нездравата исхрана, други не го прават тоа.

За да се подобри пристапот до превенција и грижа за дијабетесот, ИДФ препорачува изградба на поотпорни здравствени системи, што би вклучувало создавање здрав амбиент, зајакнување на достапноста до програмите за скрининг на можни компликации и проширување на пристапот до иновативни лекови и нови технологии за дијабетес во сите земји на ЕУ. – Покрај тоа, од клучно значење е да се зголеми политичката посветеност за развивање и зајакнување на националните планови и регистри за дијабетес. Европа, исто така, мора да ги зголеми иновациите за да се осигура дека новите пристапи се достапни за секого. Подобрувањето на улогите на специјалистите за дијабетес и медицинските сестри, заедно со подобрувањето на пристапот до образование и психолошка поддршка, ќе биде од витално значење за ефикасно справување со кризата со дијабетес. Несоодветното дејствување ќе биде социјално и економски штетно, се заклучува во анализата.

 

 

Извор/Фото: МИА 

актуелно дијабетис откривање рано
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.