Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕК: Нема „драматично подобрување“ во аерозагадувањето во С Македонија и регионот
Во Фокусот

ЕК: Нема „драматично подобрување“ во аерозагадувањето во С Македонија и регионот

ноември 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Европската комисија денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна“, јави дописничката на
МИА од Брисел.

„Здравјето на жителите на Северна Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, покажуваат последните бројки на извештајот на Европската агенција за животна средина за 2018 година, што резултира во висока стапка на прерана смрт, пред сѐ поради високата концентрација на ПМ2,5 честички во воздухот“, се наведува во извештајот.

Ако највисоката стапка во апсолутни бројки е во Германија, Италија, Полска и Франција поради обемното население, во релативни бројки, ефектот е најнегативен на Балканот.

„Кога се гледаат изгубените животни години во релативна смисла, најсилен импакт има во централна и источна Европа каде се измерени највисоките концентрации на ПМ2,5 честички, односно Косово, Србија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија“, се нагласува извештајот.

Европскиот комесар за животна средина Вириниус Синкевичиус порача дека Европската комисија им стои на располагање на земјите од регионот за помош, посебно преку Зелениот договор за западниот Балкан.

„Главната причина е греењето на домаќинствата, повторно не гледаме драматично подобрување кое е потребно за здравјето на граѓаните. Комисијата е подготвена да соработува со регионот, подготвивме Зелен договор за регионот и оптимисти сме дека можеме да постигнеме опипливи и видливи резултати“, изјави Синкевичиус за МИА.

Извршниот директор на Европската агенција за животна средина, Ханс Брејнинкс, подетално се осврна на коренот на проблемот за регионот.

„Работиме со шесте земји од Западниот Балкан под претпристапниот инструмент за зајакнување на мониторингот, за да имаме правилни податоци и со тоа да помогнеме за креирање политики таму“, рече Брејнинкс.

Според него, еден од главните проблеми е употребата на цврсти горива.

„Пред сѐ употребата на цврсти горива, употребата на јаглен во индустријата, енергетскиот сектор и горењето на дрво во домаќинствата“, вели Брејниникс, но и фактот што во регионот возилата што се користат се стари и повеќе загадуваат.

„Општата проценка е дека регионот сѐ уште треба да го постигне нивото на технолошки развој и подобрувања“, заклучи директорот на Агенцијата за животна средина.

 

аерозагадување актуелно ЕК регион С. Македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.