Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ до 2030 година ќе понуди електрични верзии на сите свои 300 модели на возила.
Компанијата која две години ја потресуваше скандал со софтверот кој мамел на тестовите за издувни гасови на возилата со дизел мотори, ќе понудат електрични или хибридни верзии за секој модел на своите 12 марки на Ауди, Порше, Шкода, Сеат и другите, во што ќе инвестира 20 милијарди евра, изјави директорот на конзорциумот Матиас Милер.
„Тоа е наша обврска, до 2030 година да ги електрифицираме сите наши возила. Мислам дека сме на добар пат, на патот на напредокот“, посочил Милер во изјавата за Франс прес, пред отварањето на Саемот за автомобили во Франкфурт.
Германскиот див до 2025 година ќе понуди 80 нови електрични автомобили, односно 50 со 100 отсто електричен погон, а 30 со комбинирани, хибридни мотори.







