Кралицата Елизабета Втора вечерва присуствуваше на концертот по повод својот 92 роденден во лондонскиот Алберт хол на кој, меѓу останатите, настапија и Том Џонс, Кајли Миног и Стинг.
Британската кралица два пати годишно го слави својот роденден, на 21 април најчесто приватно, додека нејзиниот „официјален роденден“ го одбележува во јуни со голема парада во центарот на Лондон.
Најдолговечната британска владетелка никогаш не била популарна, покажуваат анкетите.
Позитивно мислење за Елизабета Втора имаат 76 проценти од анкетираните Британци. Таа е и 329 најбогата личност во земјата со имот вреден околу 360 милиони фунти.
Носејќи се со бројни удари и предизвици во својот долг живот, кралицата секогаш го задржа „достоинството, чувството за должност и фризурата“, изјави актерката Хелен Мирер која ја играше на филм.
Родена е во Лондон, на 21 април 1926 година во Лондон, се школувала во кралската палата заедно со помалата сестра Маргарет. Наследничка на престолот станала во 1936 година, а првиот јавен настап го имала во септември 1940 година, кога имала 14 години.
Поголемиот дел од Втората светска војна го поминала во замокот Виндзор место во службените простории во Бекингемската палата, која нацистите жестоко ја бомбардирале.
Се омажила во 1947 година за поручникот Филип Моунтбатен, член на морнарицата, човек со данско, грчко и германско кралско „педигре“. Нивната раскошна венчавка беше симбол на почетокот на британското повоено закрепнување.
Младата принцеза Елизабета, веќе мајка на принцот Чарлс и принцезата Ана, станува кралица во 1952-ра кога имала 25 години. Како кралица Елизабета родила уште две деца.
Последната деценија од 20 век беше предизвикувачка за британската кралица. Дворецот Виндзор за малку не беше уништен од пожар и се распадна бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана, која подоцна загина во сообраќајна несреќа во Париз.
Поради лошата и ладна реакција на таа трагедија, кралицата и монархијата тогаш беа на најнепопуларната точка.
Елизабета вели дека христијанската вера и помогнала во најтешките моменти и дека, токму и како кралицата Викторија чие 63-годишно владеење го надмина, секогаш била уверена во старото начело „умереност во се“.
Со оглед на нарушеното здравје на 96-годишниот принц Филип, се повеќе случувања во последните години морала да ги одработи сама.
Кралската двојка минатата година ја прослави 70-годишнината од бракот.
„Нејзините нозе се цврсто на земја, шеширот на глава, торбичката во рака. Преброди многу, многу бури“, рече актерката Хелен Милер во 2007 година примајќи Оскар за филмската улога на кралицата Елизабета.









