Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Енергетската криза не запира, државите се враќаат на фосилните горива
Анализи

Енергетската криза не запира, државите се враќаат на фосилните горива

октомври 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државите ги зголемуваат резервите на фосилни горива, а тоа е потег кој најавува скок на глобалната емисија на јаглен – диоксид и претставува нова „закана“ на целта на Париската спогодба за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови.

Од сруга страна, Кина, Индија и другите економии во развој ја поттикнуваат побарувачката за јаглен, а дури и Соединетите Американски Држави се подготвени да ја зголемат потрошувачката на највалканото фосилно гориво, првпат за речиси десет години, покажуваат прогнозите на Меѓународната агенција за енергија.

Светските емисии на јаглен диоксид го достигнаа максимумот пред почетокот на пандемијата со ковид-19, а тогаш во текот на 2020 е забележан најголем годишен пад уште од 1965 година, покажуваат истражувањата. Ослободувањето на гасови со ефект на стаклена градина оваа година до август беше само еден процент помалку отколку во истиот период во 2019 година, покажуваат податоците на „Карбон монитор“, група која се занимава со следење на емисиите, пишува Блумберг.

Прогнозата за рекордни емисии е лоша позадина на ЦОП 26, за климатските дискусии, која ќе се одржи во Глазгов, Шкотска, во ноември оваа година. Обединетите нации апелираат на земјите да достават амбициозни планови, кога станува збор за емисиите, до почетокот на дискусијата на која се очекува да учествуваат официјални лица од речиси 200 држави.

Дали емисиите ќе достигнат нови рекорди – веројатно ќе зависи од времето, смета Стивен Џеј Дејвис, професор од Универзитетот Калифорнија и еден од водечките луѓе во групата Карбон Монитор.

„Фосилните горива кои се користат за загревање на згради можат многу брзо да го надоместат тој еден процент, ако е ладно.“

Енергетската криза е концентрирана во секторот за производство на електрична енергија. Недостатокот на природен гас и електрична енергија се посебно остри во Кина и Велика Британија. Емисиите на производителите на електрична енергија веќе пораснаа за 2,2 отсто на глобално ниво во периодот од јануари до август во однос на истиот период во 2019 година, поттикнати од зголемувањето во Кина, Индија и Бразил, покажуваат податоците на Кербон монитор.

Но на многу места, испуштањата на јаглен диоксид од повеќето главни извори на пат се да бидат пониски отколку во 2019 година, затоа што фабриките на јаглен се затворија, а повеќе соларна енергија доаѓа во мрежите.

Емисиите во Европската унија и Велика Британија во текот на првите осум месеци од оваа година се намалени за 4,7 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, истакнуваат од групата, која своите проценки ги темели на производството на електрична енергија, индустриската активност, копнениот транспорт, домашниот и меѓународниот авио-сообраќај и станбената побарувачка. Во САД паднаа за 3,5 отсто.

Уште еден фактор кој би можел да го поттикне растот на емисиите е новиот скептицизам кон обновливите извори на енергија под влијание на енергетската криза. Пореметувањата во последниве неколку недели ја покренаа дебатата за влијанијата на светската транзиција на чиста енергија. Додека некои доказите ги гледаат во „испрекинатоста“ на енергијата од ветар и соларна та енергија, други во еквивалентот, ако не и поголемата слабост заради екстремните промени на цената и нестабилностите предизвикани од прекините во ланците на снабдување со фосилни горива и зависноста од „петрол-државите“ како што е Русија.

„Мене ме загрижува погрешната перцепција дека моментната енергетска криза е предизвикана од обновливите извори на енергија, како и политиките кои ги фаворизираат обновливите извори“, вели аналитичарот на „Блумберг НЕФ“, Али Изади.

„Рационалниот одговор на повисоките цени на фосилните горива, како и повеќето емисии, би било забрзување на обновливите извори“, заклучува тој.

Либанската електроенергетска мрежа вчера е потполно угасена, откако две главни електрани останаа без горива, соопштија локалните медиуми.

„Либанската мрежа за електродистрибуција денеска на пладне потполно ја запре работата и веројатно нема да функционира до следниот понеделник“, изјавил владин претставник за Ројтерс.

Електраните Демир Амара и Ал Захрани престанаа со работа откако се потрошиле резервите со дизел, а производството на енергија падна под 200 мегавати. Во петокот прво запрела електраната Деир Амара, а од вчера не е во погон и термоелектраната Захрани.

Државната електродистрибуција ќе се обиде да го искористи горивото од војската за привремено покренување на електраните, но тоа, според информациите добиени од владиниот претставник, нема да се случи во скоро време.

„Недостатокот на струја ќе потрае најмалку неколку денови“, додава Ројтерс цитирајќи го својот извор.

актуелно горива дизел електрична енергија јаглен Кина криза русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.