Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕПИЦЕНТРИ НА НАСИЛСТВОТО: Америка од блиску ќе ги надгледува Мали, Нигер и Буркина Фасо
СВЕТ

ЕПИЦЕНТРИ НА НАСИЛСТВОТО: Америка од блиску ќе ги надгледува Мали, Нигер и Буркина Фасо

јануари 9, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американските дипломати преговараат со официјални лица во Гана, Брегот на Слоновата Коска и Бенин, релативно стабилни земји во западна Африка, за локации за отворање на воени бази во нивните држави каде што САД би можеле да ги складираат своите беспилотни летала.

Главната задача на овој аранжман би била американските летала да бидат доволно блиску до Буркина Фасо, Мали и Нигер, во кои во последните години незапирливо се шири џихадистичкиот исламизам.

Згора на тоа, според проценките на американските аналитички куќи кои работат за Пентагон, Африка во моментов е глобален епицентар на исламистичко насилство, а во тој контекст најголема закана е групата ЈНИМ (Џамат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин), која е се смета за огранок на Ал Каеда.

Се проценува дека во џихадистичкото насилство во овие западноафрикански држави од 2017 година до сега се убиени над 41.000 луѓе.

Патем, во тој регион во последниве години Русија и нејзините озлогласени платеници ги проширија своите пипала на политичко и воено влијание.

Највисоката команда на Мали веќе ангажираше „вагнеровци“ за своите безбедносни работи, а според информациите на западните разузнавачки служби, функционери на Нигер и Буркина Фасо во последно време биле во интензивни преговори со рускиот државен врв за „поблиска воена соработка“.

Заради целата ситуација, Америка е принудена да испрати свои специјални сили во регионот, кои ќе имаат задача да ги обучуваат локалните елитни одбранбени единици.Дроновите на терен ќе им овозможат на американските сили да прават воздушно надгледување на воените движења во регионот и на локалните трупи да им дадат совети и да им ги пренесат своите искуство од тактичко војување.

„Нашата најдобра опција е да се потпреме на државите од западна Африка“, објасни за „Ворлд Стрит Журнал“ пензионираниот генерал на американските воздухопловни сили, Маркус Хикс.

Се проценува дека насилството, кое до сега успешно се држеше подалеку од Атлантскиот океан, може да почне да се шири кон брегот затоа што исламистите во следната фаза може да се фокусираат на проширување на својата моќ во земјите богати со злато и какао.

Според службените податоци од Центарот за стратешки студии на Пентагон, кои се однесуваат за Африка, во првите девет месеци од 2023 година во Бенин загинале 120 луѓе, што е значително зголемување во однос на 72 убиени во 2022 година и пет убиени една година порано. Во соседната држава Того, лани, од јануари до ноември, терористите убија 31 лице, вклучително и 11 цивили. Брегот на Слоновата Коска, пак, од 2022 година се соочи со 16 терористички напади, но првите девет месеци од 2023 година поминаа релативно мирно.

Аналитичките куќи предупредуваат дека Гана, чија влада досега успешно пресретнуваше исламистички ќелии инкорпорирани длабоко во државата, во скора иднина ќе се соочи со засилени терористички напади.

Своевремено прв на листата на американската стратегија беше Нигер, лојален сојузник на западниот брег на Африка, каде што САД изградија воена база вредна 110 милиони долари, недалеку од градот Агадез, и таму ги стационираа своите 1.100 специјалци. Од Нигер се следеше ситуацијата во Бенин. Но, тогаш во Нигер дојде до воен удар.

Америка, наводно, предложила отворање база во Гана, недалеку од границата со Буркина Фасо, а сеуште се договараат детали за локациите кои би ѝ послужиле на американската војска на територијата на Брегот на Слоновата Коска.

Во Бенин се шпекулира за градот Паракоу, чија локација е идеална затоа што се наоѓа доволно блиску до северот од проблематичната Буркина Фасо кој ќе им биде „на дофат“ во случај на дополнителна ескалација на насилството, а доволно далеку за да послужи како можна тампон-зона во случај да дојде до пробив на милитантните демонстранти.

актуелно Америка Африка Буркина Фасо гана исламисти мали Нигер џихадисти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.