Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕП ја критикува Полска дека ги крши правата на човекот со забраната на абортусот
СВЕТ

ЕП ја критикува Полска дека ги крши правата на човекот со забраната на абортусот

февруари 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со речиси целосната забрана на абортусот Полска ги загрозува животите на жените и им го нарушува физичкото и менталното здравје, предупредија членовите на Европскиот парламент.

„Пресудата на полскиот Уставен суд за забрана за абортусот во речиси сите случаи, освен при силување и инцест, како и кога е загрозен животот на мајката, го доведува во прашање и почитувањето на човековите права на жените. Со оваа пресуда, исто така, се наруши владеењето на правото во Полска, истакнаа европратениците и претставниците на ЕУ на дебатата на
пленарната седница“, пренесе Хина.

Претставникот на португалското претседателство со Советот и државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Паула Закаријас, го истакнаа прашањето за родовата еднаквост во случајот на полското законодавство.

„Иако ЕУ не е надлежна да одлучува за правото на абортус, треба да се има предвид дека правата за сексуално и репродуктивно здравје се основа за почитување на родовата еднаквост и човековите права“, рече Закаријас.

Според многу пратеници, одлуката на полската Влада за забрана за абортусот докажа дека не се залага за благосостојба на жените, ниту за родова еднаквост.

„Тоа е влада што сака да задржи монопол врз вистината, да го прогонува сопствениот народ и да ги контролира одлуките на жените“, рече Франсис нФицџералд од Европската народна партија (ЕПП).

Потенцијалната опасност од ваквата политика лежи во фактот дека оваа одлука ќе ги принуди жените да вршат абортуси без професионален здравствен надзор, предупредуваат некои пратеници.

„Докажано е дека забраните не доведуваат до помалку абортуси, туку до повеќе такви што се изведуваат во небезбедни услови“, рече членот на комитетот за правата на жените и родовата еднаквост, социјалдемократот, Предраг Фред Матиќ.

„Полска повторно ги турка своите граѓани да бидат дел од оваа тешка и
поразителна статистика“, нагласи Матиќ.

Европскиот комесар за еднаквост, Хелена Дал, истакна дека 98 проценти од досегашните абортуси сега ќе станат нелегални.

Романскиот конзервативец Кристијан Терхеш од Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) застана во одбрана на полскиот Уставен суд, нагласувајќи дека сите зборуваат за правото на жените на абортус, но не и за правото на живот на неродените деца.

Полска е претежно католичка земја и има еден од најстрогите закони за абортус во Европа, што ја прави се почест центар на протести и собири на незадоволни граѓани.

Масовните протести во Полска почнаа на 22 октомври кога Уставниот суд, реформиран од владеачката ултра-католичка Партија на законот и правдата (PiS), во согласност со нејзините желби, забрани абортуси во случаи на тешки деформации на фетусот, одлучувајќи дека е неуставно.

абортус актуелно Еп забрана Полска права
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.