Министерството за надворешни работи на Етиопија соопшти денеска дека одлучило да протера седум високи официјални лица на Обединетите нации заради мешање во внатрешните работи на земјата. Меѓу седумте несакани лица се и оние од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Канцеларијата на Обединетите нации за координација со хуманитарни работи.
Седумтемина, според соопштението на етиопското министерство, се прогласени за „персона нон грата“ и даден им е рок од 72 часа да ја напуштат државата.
Оваа одлука доаѓа откако пратеникот на светската организација, Мартин Грифитс, изнесе обвинувања на сметка на владината блокада на областа Тиграј, чии жители заради тоа се наоѓаат на граница на хуманитарна катастрофа, со оглед дека се отежнати испораките на медицинска опрема, храна и гориво во тој, со судири зафатен, регион.
„Генералниот секретар, Антонио Гутереш е вчудоневиден од информацијата дека Етиопија денеска прогласи седум високи функционери на Обединетите нации за непожелни“, соопшти портпаролката на Организацијата, Стефани Трамбле.
„Комуницираме со владата на Етиопија и во очекување сме дека на седумтемина од ОН ќе им биде дозволено да продолжат да ја обавуваат оваа важна и многу значајна работа“, изјави таа.
(Фото: ЕПА)







