Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Етнолошкото наследство запоставено, музејот одбележа 70 години
Култура

Етнолошкото наследство запоставено, музејот одбележа 70 години

декември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Етнолошкиот музеј денеска одбележа 70 години постоење. Установата поседува голема колекција од над 20 илјади предмети кои се во постојан ризик од оштетување поради лошите услови во комплексот Музеј на Македонија каде што е сместен од почетокот на 1980-тите години.

Од прокапувањето е загрозен изложбениот простор, така што не може да се размислува за нова концепција на постојаната поставка која е од 2002 година.

Поради минимална финансиска поддршка, проблематично е и собирањето нови етнолошки предмети со откуп. За одбележувањето на годишнината беа презентирани плакати од досегашните изложби на Етнолошкиот музеј, но не е отпечатен каталог што е вообичаено за јубилејни настани.

Елизабета Конеска, кустос советник во Етнолошкиот музеј со 30-ина години работно искуство, рече дека клучен проблем е немањето соодветен однос и третман на етнолошкото културно наследство што трае неколку децении. Покрај недоволната поддршка, установата работи во зграда во која често се појавува вода поради прокапување на покривот.

Во последните години е одминат и од посетители кои се пренасочени кон новите објекти во центарот на градот.

-Со прекрасни предмети во еден ваков простор сме изгубени, а без поддршка сме уште поизгубени. Подолго време сме сосема запоставени.

Воопшто не се почитува традицијата и оваа дејност. Сме имале непријатности да прибереме предмети и да немаме на луѓето да им платиме и да мора да ги враќаме.

За жал, во последните години луѓе што сакале да отуѓат предмет, ги упатувавме кај антикварници и приватни колекционери за да можат да го наплатат тоа зашто ние немаме средства.

За подарување предмет има непотребна и сложена правна процедура со одење кај нотар, рече Конеска.

Не можат да размислуваат за нова поставка затоа што работат во услови во кои постојано се трудат да ги спасуваат експонатите. – Витрини скапаа и паѓаа и го спасувавме материјалот. Ткаенините и килимите се тргнати зашто често беа изложени во влага. Во такви услови не можете да размислувате за нова концепција зашто нова концепција бара нов и сигурен простор, додаде Конеска.

В.д. директорот на Музејот на Северна Македонија Јован Шурбановски и Валентино Димитровски, раководител на Одделението за движно културно наследство, се осврнаа на развојот на институцијата во изминатите децении, посветеноста на првата генерација вработени и првата директорка Вера Кличкова, за ентузијазмот да се собираат предметите уште пред формирањето на музејот, дури и во времето на војната (1941- 1944). Според инвентарната книга, во тие четири години биле заведени 970 предмети.

-Не можам да си објаснам како успеале во 1945 сето тоа да го направат, да направат многу важни институции, а немало министерство за култура, немало управа за заштита на културното наследство, немале национални стратегии, рече Шурбановски.

Како самостојна институција Етнолошки музеј на Македонија работи од 1949, иако организираното собирање етнолошки предмети во земјава почнало во 1914, а наредната година се евидентирани експонати во состав на тогаш основаниот Народен музеј. До 1977 Етнолошкиот музеј бил сместен во зграда на градскиот плоштад, а во комплексниот Музеј на Македонија во чаршијата каде што е сместен денес е преселен во почетокот на 1980-тите години.

етнолошки музеј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.