Екипите на Еурофарм Пелистер и на Вардар ќе играат во финалето на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Ова е епилогот по трите саботни натпревари во четвртиот натпреварувачки ден.
Двата финалисти групната фаза ја завршија со максимални три победи.
Постигнати резултати:
Охрид–Еурофарм Пелистер 2 26:22
Струга–Еурофарм Пелистер 16:28
Вардар–Бутел 25:17.
Покрај финалето, утре на турнирот ќе се играат и натпреварите за пласман:
за 3. место Охрид–Металург
за 5. место Прилеп–Бутел
за 7. место Струга–Еурофарм Пелистер 2.