Фудбалерите на Португалија вечерва на свој терен ја победија Литванија со убедливи 6:0, во деветиото коло од Б групата во квалификациите за Европското првенство.
Португалија после првото полувреме имаше два гола предност, а двата ги постигна Кристијано Роналдо, првиот во седмата минута, од пенал, а вториот во 22 минута.
Пици во 52 минута зголеми на 3:0, четири минути подоцна во стрелците се запиша и Гонсало Пасенси, во 63 погоди и Бернардо Силва, а точка на овој натпревар стави Роналдо во 65 минута.
Фудбалерите на Англија во Лондон ја победија селекцијата на Црна Гора со 7:0 во Група А и го заверија пласманот на Европското првенство, токму и како Чешка која после пресврт го совлада Косово со 2:1.
Англија прашањето на победникот на Вембли го реши после првите 45 минути кога пет пати ја погодуваше мрежата на Црна Гора.
Голеадата ја почна Алекс Окслејд – Чембрлен во 11 минута, потоа два пати погодуваше Хари Кејн, во 19 и 24 минута, во листата на стрелци се запиша и Маркус Рашфорд во 30 минута, а Кејн со неговиот врор гол стави точка на првото полувреме со гол во 37 минута.
Александар Шофранац во 66 минута постигна автогол, а конечниот резултат го постави Теми Абрахам во 84 минута.
Косово во Плзен поведе со голот на Ато Нухиу во 50 минута, но Чешка до крајот успеа да направи пресврт на натпреварот. Прво Алекс Крал во 71 минута погоди за 1:1, а победата на домашната селекција и ја донесе Ондреј Целушкау во 79 минута.
Англија е прва во Групата А со 18 бодови, Чешка е на второто место со 15, Косово е трето со 11, а четвртата Црна Гора и петата Бугарија имаат по три бода.
Фудбалерите на Франција ја победија на свој терен Молдавија со 2:1 во Групата Х, додека Албанија и Андора одиграа нерешено 2:2. Турција претходно денес одигра 0:0 со Исланд.
Пласман на ЕУРО од оваа група обезбедија Франција и Турција.
(Фото: АП)