Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ лично го повикал шведскиот фудбалер и голем пријател Златан Ибрахимовиќ да му се придружи во италијанскиот клуб, пренесуваат локалните медиуми.
Ибрахимовиќ во декември, кога му истекува договорот со Лос Анџелес Галакси, ќе биде слободен во изборот на нов клуб и затоа Болоња веќе испратила понуда вредна осум милиони евра за 18 месеци.
Медиумите на Апенинскиот полуостров пишуваат дека Михајловиќ, којшто моментно се лекува од леукемија, би можел да го наговори Ибрахимовиќ да ја засили Болоња затоа што ги поврзува силно пријателство уште од Интер.
Конечната одлука ќе ја донесе 38-годишниот голгетер во декемвро затоа што покрај Болоња разгледува уште две опции, останување во САД или враќање во родната Шведска.
Ибрахимовиќ неодамна изјави дека би сакал да се врати во Италија и како опција ја наведе токму Болоња, најмногу заради Михајловиќ.
Швеѓанецот остави длабока трага во Серија А со 122 голови играјќи за Јувентус, Интер и Милан, а сега покрај Болоња го сака и Наполи.