Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ без договор за номинациите, нов самит на 30 јуни
СВЕТ

ЕУ без договор за номинациите, нов самит на 30 јуни

јуни 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор вчера за номинациите на клучните позиции во следниот мандат на европските институции, нов самит е предвиден за десеттина дена.

Шефовите на држави и влади сепак успеаја да се договорат за оние кандидати кои отпаѓаат за претседател на Европската Комисија: Манфред Вебер од Европската Народна Партија, Франс Тимерманс на Социјалдемократите и Маргарет Вестагер на Либералите.

Тројцата беа кандидати за шеф на Европската Комисија на нивните партии на последните европски избори, но повеќе лидери на моќни европски земји се против процесот на таканаречени „Шпиценкандидати“, процес според кој кандидатот на победничката партија треба да биде назначен на чело на европската извршна власт. Шпанија и Франција од самиот почеток најавија дека нема да го прифатат овој процес и дека идниот претседател на ЕК треба да биде резултат на компромис меѓу земјите и партиите.

„Јасно стана од една страна во Европскиот Парламент утрово, и тука попладнево, дека нема можно мнозинство за имињата кои начелно се разгледуваа, изјави синоќа по првата седница на Европскиот Совет францускиот претседател Емануел Макрон.

Шефовите на Либералите и Социјалдемократите во Европскиот Парламент вчера ставија на знаење дека кандидатот на ЕПП Манфред Вебер е неприфатлив за нив, меѓу другото поради неговата блискост со контроверзни фигури како унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Кандидатот за претседател на ЕК мора да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент и без гласовите на Либералите и на Социјалдемократите, кандидатурата на Вебер автоматски отпаѓа, како што призна синоќа и германската канцеларка Ангела Меркел, која стоеше зад Вебер.

Освен тоа, кандидатите треба да бидат прифатени од Советот, односно од земјите членки.

„За претседател на ЕК, трите имиња отпаѓаат, нема мнозинство во Советот, како што немаше мнозинство утрово за господинот Вебер, рече Макрон.

Тој додаде дека неговиот отпор кон германскиот кандидат на десницата се должи на фактот што тој не е доволно компетентен и искусен.

„Иднава недела треба да изнајдеме имиња кои имаат потребни квалификации, и искуство во нивниот професионален и политички живот. Целта е да имаме договор за цела екипа, на Доналд Туск е да предложи имиња, оваа екипа треба и да биде олицетворение на новата ера на Европа, додаде на прес конференција францускиот претседател.

Ниту едно име вчеравечер не беше споменато официјално, но повеќе кружат низ кулоарите на институциите.

Едно од нив е хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, кој доаѓа од редовите на ЕПП, победникот на овие избори, а се споменува и белгискиот премиер, Шарл Мишел, од редовите на Либералите, како и Макрон, и негов близок пријател. Друго често споменувано име е Мишел Барние, главниот преговарач за Брегзит, и Французин од ЕПП кој ужива висок степен на доверба во ЕУ благодарение на начинот на кој ги водеше преговорите за Брегзит.

Освен за шеф на ЕК, лидерите на 30 јуни ќе треба да се договорат и за претседател на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент, на Европската Централна Банка и за шеф на дипломатијата на ЕУ. Имињата треба да бидат договорени до 2 јули кога ќе заседава новиот состав на Европскиот Парламент.

актуелно Договор ЕУ номинации самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.