Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ добива нов милијардер на секои девет дена
Автор

ЕУ добива нов милијардер на секои девет дена

октомври 10, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

EУ годинава доби 39 нови милијардери, а вкупното богатство на милијардерите се зголеми за повеќе од 400 милијарди евра, според новиот извештај на невладината организација Оксфам.

Тоа значи дека во ЕУ во просек на секои девет дена се раѓа нов милијардер и дека нивното вкупно богатство се зголемува за повеќе од две милијарди евра секој ден во првата половина од оваа година.

ЕУ има 487 милијардери, чие вкупно богатство се зголеми за 405 милијарди евра, достигнувајќи 2,3 трилиони евра на крајот на јуни.

Најбогатите 3.600 Европејци поседуваат богатство колку и најсиромашните 181 милион, што е еквивалентно на населението на Германија, Италија и Шпанија заедно, според извештај во кој се истакнува дека даночните политики низ целиот континент им помогнале на супербогатите да го задржат и зголемат своето богатство.

„Го поврзавме тоа со даночниот систем, бидејќи ова не е случајност. Оваа нееднаквост во богатството е поврзана со политички избори – а особено со неправеден даночен систем“, изјави за Политико авторката на извештајот, Кјара Путатуро.

Според неа, даночниот систем во ЕУ е дизајниран така што најголемиот дел се собира од обичните граѓани – осум од секои 10 евра даночни приходи биле платени од обичните граѓани преку данок на промет и данок на доход.

Девет проценти од вкупните даночни приходи во земјите од ЕУ ги плаќаат компаниите, а само 0,4 проценти доаѓаат од даноци на богатство.

Во соопштението на Оксфам се вели дека во просек платите се оданочуваат со повисока стапка, додека инвестициите и холдинг компаниите се оданочуваат со пониски стапки, што ги прави богатите уште побогати.

Оксфам истакнува дека 10 земји од ЕУ немаат данок на наследство и дека само една членка, Шпанија, има данок на нето богатство.

„Ова значи дека супербогатите често плаќаат многу пониска ефективна даночна стапка на нивниот приход и богатство од обичните луѓе“, се вели во соопштението.

Оксфам, исто така, укажува дека поголемиот дел од новото богатство оди во приватни џебови, а не во јавните буџети и дека европските влади станале релативно посиромашни.

Додека во 1990-тите владите поседуваа околу 10 проценти од вкупното богатство, сега тоа е само шест проценти.

Доколку владите го задржаа тој удел, според проценката на Оксфам, земјите од ЕУ ќе имаа дополнителни 3,6 милијарди евра во 2023 година за инвестирање во јавни услуги, училишта и болници.

Извештајот на Оксфам „Европска агенда за оданочување на супербогатите“ беше објавен пред состанокот на европските министри за финансии на кој ќе се разговара за начините за финансирање на буџетот на ЕУ.

Оксфам вели дека Европската комисија треба да изготви план за оданочување на богатите поединци со зголемување на транспарентноста преку европски регистар на средства.

Комисијата, исто така, треба да се обиде да воспостави заеднички стандарди за даноци на капитална добивка, како на пример колку би платило едно лице кога продава акции.

актуелно ЕУ милијардер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.