Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА: ЕУ ги либерализира законите за престој на државјани од трети земји
Европа

ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА: ЕУ ги либерализира законите за престој на државјани од трети земји

ноември 24, 2023Updated:ноември 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комитетот на постојани претставници земјите членки на ЕУ ги утврди ставовите на Европскиот совет во однос на предложените измени на Директивата за жителство, во делот на регулирање на условите под кои државјани на трети земји можат да добијат дозвола на долгорочен престој во Унијата.

Според шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка Гомез, можноста за добивање дозвола за престој на подолг рок е од суштинско значење за оние кои легално живеат во ЕУ.

„Тоа претставува важен стимул за студирање или работење, како и целосно интегрирање во нашите општества“, потенцира Гомез.

Согласно Директивата, за добивање на дозвола за долгорочен престој во ЕУ, државјаните на трети земји треба легално и континуирано да престојуваат во земја членка најмалку пет години.

Со предложените измени се овозможува акумулирање на периодот на живеење во членките на ЕУ, така што во неопходните пет години престој за добивање на дозволата во една земја ќе може да се смета и легалното престојување до две години во друга членка на блокот.

При тоа, како важечки легални документи единствено се прифаќаат т.н. „Европска сина карта“, односно Единствената дозвола (за престој и работа), и Дозволата за работа на висококвалификуван кадар.

Покрај оваа измена, за добивањето на дозвола за долгорочен престој апликантите по потекло од трети земји ќе мора да докажат дека имаат стабилни и редовни приходи кои се доволни за да овозможат издржување за себеси и за членовите на нивното семејство, како и здравствено осигурување.

Дополнително, на членките на ЕУ им се остава правото од државјаните на трети земји да бараат почитување на условите за интеграција во општеството.

Добиената дозвола за долгорочен престој во ЕУ се предвидува да биде трајна, но може да биде одземена доколку лицето одреден временски период повеќе не живее во Унијата.

Лицата кои имаат дозвола за долгорочен престој во ЕУ ги уживаат истите права како и државјаните на Унијата во однос на пристапот до вработување, образование и стручна обука и даночни бенефиции.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор/Фото: МИА)

актуелно државјани ЕУ земји престој
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.