Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите
Македонија

ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите

март 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни, европските челници ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност во пресрет на претседателските избори, што ќе мораат да бидат кристално чисти.

„Целта на Европската комисија е Северна Македонија да добие зелено светло од земјите членки на ЕУ во јуни за старт на преговори, но за тоа ќе биде важно земјата да го задржи реформското темпо, истакна еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес конференцијата по завршување советот.

„Морам уште еднаш да им се обратам на сите во земјата, ова може да се случи само ако е меѓупартиска, национална цел и ова го вклучува учеството во изборите, било кои избори, изборите идниот месец, учество на сите страни, секоја страна треба да покаже демократска зрелост, има многу прилики за политички битки и преговори, но кога станува збор за оваа национална цел, мислам дека постои обврска, одговорност за сите страни да придонесат за тоа, а не да го стават ова во опасност во последен момент, изјави Хан.

Од ЕК не коментираат дали станува збор за предупредување до опозицијата за можен бојкот на вториот круг на претседателските избори, но и од Хан и од Могерини беше ставено јасно на знаење дека ЕУ од блиску ќе го набљудува изборниот процес во април и во мај. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, исто така побара целосно учество во процесите на демократските институции на земјата.

„Нашите земји членки сигурно ќе го разгледуваат ова како знак на стабилност и нормалност на демократијата, целосно се согласувам со тоа што го кажа комесарот Хан и ги повикувам сите да ги искористат демократските средства што им се на располагање во земјата, рече Могерини.

Иако постои голема желба од европска страна за почеток на преговорите, земјата сѐ уште треба да ги исполни во целост сите услови поставени минатата година: борба против корупцијата, правосудството, разузнавачките служби и реформата на јавната администрација. Сите овие пораки уште еднаш му биле пренесени на македонскиот премиер на денешниот состанок, вклучително и потребата да се одговори на “перцепцијата на јавноста“ во однос на наводите за непотизам во јавната администрација. Секако, ЕУ ќе инсистира на имплементација на реформите, што се смета за слаба точка во земјите во регионот.

Франција, пак, за сега е сѐ уште многу тврда во однос на отворањето преговори, иако високата претставничка одбива да покажува со прст кон индивидуални земји членки.

„Никогаш не споменувам една земја, тоа е одлука што ја носи Советот, рече Могерини.

Јасно е, меѓутоа, дека оваа година, доколку нема поголеми пропусти во реформите и за време на изборите, дека ќе биде многу потешко за една или неколку земји членки да ја блокираат одлуката за старт на преговори. Дипломатски извори во Брисел потенцираат и дека Холандија би можела да го омекне својот став, со што Франција би била поизолирана од лани. Белгија, која минатата година беше солидарна со Париз, исто така покажува знаци на омекнување и смета дека спроведувањето на Преспанскиот договор треба да биде награден, како што укажа шефот на белгиската дипломатија вчера. За разлика од минатата година, важно е и дека Преспанскиот договор е сега ратификуван и се спроведува.

Франција стравува пред сѐ за реакциите во домашната јавност, иако, како што потсетуваат дипломатски извори, повеќето француски граѓани веќе заборавија дека Црна Гора и Србија се во процес на преговори со ЕУ. Останува дека самата одлука во Советот не ЕУ ќе и даде аргументи на екстремната десница.

Могерини и Хан не одговорија ни дали е извесно дека одлуката за преговори ќе се носи во јуни. Иако мнозинство земји членки и Европската комисија притискаат да биде во јуни, не е исклучено одлагање до септември, посебно доколку германскиот Парламент нема време да ја одобри одлуката.

актуелно бојкот Заев избори Могерини Хан
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.