Европската комисија во вторникот, привремено го забрани увозот на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед од Украина во пет земји-членки на ЕУ, со одредба дека овие производи сепак ќе можат да минуваат низ тие земји и да бидат во слободен промет во сите кон другите членови и да продолжи со извозот.
Комисијата наведува дека станува збор за „привремена, превентивна мерка“, која е неопходна со оглед на исклучителните околности на сериозни логистички тесни грла во пет земји-членки – Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Во исто време, Бугарија, Унгарија, Полска и Словачка се обврзаа да ги укинат едностраните мерки што ги донесоа за забрана на увоз на пченица, пченка, маслодајна репка и сончоглед од Украина. Романија не воведе еднострани мерки.
Ќе може да се увезуваат само житни култури наменети за транзит „Целта е да се ублажат логистичките тесни грла поврзани со овие производи во Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Мерките ќе стапат на сила на 2 мај и ќе траат до 5 јуни 2023 година“, соопшти Комисијата. Во овој период овие производи ќе продолжат да бидат во слободен промет во сите земји членки на Европската унија, освен во петте земји членки на првата линија.
Тие производи може сè уште да транзитираат низ териториите на тие пет земји-членки преку заедничката царинска транзитна постапка. Во овие пет земји-членки ќе може да се увезуваат житни култури само доколку се наменети за транзит кон други членки на Унијата или во трети земји.
Минатата година ЕУ привремено, до 5 јуни годинава, ги укина царините на целиот увоз од Украина. Тоа е мерка која многу и помогна на украинската економија да се соочи со разорните последици од војната. Минатиот петок, членките на ЕУ поддржаа едногодишно продолжување на регулативата според која ЕУ ги укина тарифите за украинското жито. Сега тоа треба да го потврди Европскиот парламент, а потоа и Советот на ЕУ.
Комисијата уште порано одобри финансиска помош за земјоделците Укинувањето на царините за украинските производи предизвика пад на цените на тие производи во некои земји-членки, што доведе до незадоволство кај домашните производители. Тоа предизвика и логистички проблеми, меѓу другото од шпекулативни причини бидејќи компаниите складираа евтини украински стоки додека чекаа подобри цени на пазарот.
Комисијата веќе одобри финансиска помош за помош на земјоделците во тие пет земји-членки. Комисијата наведува дека е подготвена да ја продолжи забраната и по 5 јуни доколку продолжи вонредната состојба на пазарот на тие земји. Комисијата ја усвои оваа мерка откако минатиот петок беше постигнат договор меѓу петте земји-членки и Украина.







