Два воза се судрија вчера вечерта во близина на италијанскиот град Фаенца, при што се повредени најмалку 17 лица, од кои повеќето полесно, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачите на местото на настанот.
Несреќата се случила околу 20.30 часот на дел од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилио Ромања.
Пожарникарите до 6 часот утринава се уште беа таму каде што се случи сударот и со засилено темпо работеа на поправка на оштетувањата на шините и за враќање на сообраќајот во нормала.
Причината за сударот на почеток не беше јасна.
Според првичната реконструкција, двата воза се движеле во правец кон север, како што јави италијанската агенција АНСА. Тие не се судриле директно, туку еден воз одзади удрил во друг.
(Фото: АФП)







