Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЖЕЛЕЗНИЧКА РЕВОЛУЦИЈА: Возовите ќе станат најбараниот транспорт во ЕУ
Анализи

ЖЕЛЕЗНИЧКА РЕВОЛУЦИЈА: Возовите ќе станат најбараниот транспорт во ЕУ

март 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во чешко село, недалеку од Прага, необележан бел воз брза преку железнички јазол. Овој полигон е еден од ретките објекти во Европа каде што интензивно можат да се тестираат нови возови надвор од шините кои се во јавна употреба.

Во текот на шест месеци, овој воз ќе прави бесконечни кругови со брзина до 200 километри на час.Во меѓувреме, друг воз ќе биде испратен во Виена, каде што ќе се тестира на температури од -20 до 40 Целзиусови степени, а ќе минува и низ воздушен тунел со брзина од 160 км/ч, во единствениот европски специјализиран центар за климатски испитувања.

Сето ова е значајно затоа што за француските национални железници (SNCF) означува нов полет на нивните култни брзи ТГВ возови (TGV), како што објави Си-Ен-Ен.

Оваа последна генерација на ТГВ, која ќе достигнува брзина до 320 км/ч, ќе биде тестирана повеќе од две години пред да почне во 2024 година да превезува патници.

Но, ова не е важно само за Франција – овие висококвалитетни двокатни возови, од кои досега се нарачани 115, ќе опслужуваат и домашни и меѓународни брзи линии, почнувајќи од оние Париз – Лион и Париз – Милано.

Новата потреба за брзина

Означени како ТГВ-М, каде што „М“ значи „модуларен“, новите возови се манифестација на повторно разбудената француска страст за брзи возови, кои во текот на следната деценија ќе формираат мрежа проширена од Бордо до Тулуз, како и во странство – до Торино од Лион и од Бордо до северна Шпанија.

Речиси 30 години откако беше првпат спомнато, следната ТГВ линија на Француски железници треба да биде завршена до 2030 година и ќе ја прошири постоечката линија Париз – Бордо до Тулуз, четвртиот по големина град во Франција и главен центар за високотехнолошка индустрија и туризам.

Ова продолжување од 222 километри ќе го скрати патувањето на линијата Париз – Тулуз за повеќе од еден час, односно од сегашните четири часа и 15 минути на нешто повеќе од три часа.

„Луѓето веќе им вртат грб на авиокомпаниите и го користат ТГВ на оваа линија“, вели Дејвид Хејдок, експерт за француски железници и поранешен уредник на списанието „Европските железници денес“.

„Кога ќе заврши брзата пруга до Тулуз, уште повеќе ќе се префрлат на железнички превоз, токму како што беше на линиите од Париз до Лион, Бордо, Нант и Марсеј во последните 40 години“, вели Хејдок.

Изградбата на првите 50 километри пруга јужно од Бордо, ќе послужи и како нова меѓународна врска со северна Шпанија, иако најверојатно ќе биде длабоко во 2030-тите пред ТГВ да влезат во баскискиот регион.

Со последната фаза од линијата Јужна Европа – Атлантик ќе биде продолжена линијата Париз – Бордо, јужно, до шпанската граница.

На крајот ќе дојде до поврзување со шпанската мрежа на брза железница, создавајќи директна врска помеѓу Париз, Баскија и понатаму до Мадрид.

За меѓународните патници исто така ќе биде важна линијата Лион-Торино, вредна 25 милијарди евра, која вклучува тунел долг 57 километри под Савојските Алпи.

Иако веќе постои железничка линија меѓу овие два града, моментно нејзиниот капацитет и брзина се сериозно ограничени поради планинскиот терен.

Европската мрежа на брзи железници

Напорите за поврзување на градовите преку државните граници се поддржани од Заедницата на европски железници „ЦЕР“ (CER), која претставува 70 даватели на железнички услуги низ целиот континент.

„ЦЕР во целост го поддржува завршувањето на железничка мрежа со големи брзини што ги поврзува сите поголеми градови, урбани центри и аеродроми“, вели извршниот директор на Европски железници, Алберто Мацола.

„Тоа ќе го намали времето на патување со железница меѓу главните градови на Европската унија и големите градови на помалку од четири до шест часа, а со прифатливите и удобни возови, железницата ќе стане префериран начин на превоз“, додаде тој.

Нивното истражување, вели, покажува значителни социо-економски придобивки и придобивки од одржливоста.

„Со проценети 750 милијарди евра, долгорочните економски придобивки ќе бидат значително поголеми од трошоците – проценети на 587 милијарди евра… Секоја земја-членка мора да ја одигра својата улога во завршувањето на коридорот за да се осигура исполнување на целта на ЕУ за удвојување на брзиот железнички промет до 2030 година и тројно до 2050 година“.

Во меѓувреме, француската влада – после голем притисок – даде зелено светло за проект за поврзување на последната карика која недостасува на она што ќе стане најдолга европска постојана брза рута – од Лондон до Малага и Севиља во јужна Шпанија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Хавиер Лејти)

актуелно воз железница пруга транспорт Франција Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.