Неколку часа му беа потребни на Андреј Жерновски да ги собере потребните потписи од жителите и тој од денес и официјално влегува во трката за градоначалник на општина Центар.
Рокот, независните кандидати да поднесат потписи за кандидатура, истекува во понеделник на полноќ.
Социјалдемократите се уште не се изјаснија кој ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на таа општина.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред неколку дена изјави дека нивни кандидати ќе бидат личности кои имаат највисок рејтинг кај граѓаните без разлика на партиската припадност.
Андреј Жерновски најави дека доколку не го кандидира СДСМ, на изборите во Центар ќе настапи сам со поддршка на граѓаните и со независна листа.







