Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Жителите на Канзас гласаа против ограничувањата на правата за абортус
СВЕТ

Жителите на Канзас гласаа против ограничувањата на правата за абортус

август 3, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Гласачите во Канзас вчера го отфрлија обидот за отстранување на заштитата на правата за абортус од државниот устав на гласачките места, во првото гласање за правата на абортусот откако Врховниот суд на САД го отфрли Роу против Вејд.

Жителите на Канзас гласаа за амандман поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус, моментално до 22-та недела од бременоста. Парламентот на таа сојузна држава со републиканско мнозинство по таа одлука поднесе амандман за отфрлање на тоа уставно право, со цел управувањето со работата да се врати во контрола на претставниците.

 

Законодавниот дом на Канзас нема да може да донесе ограничувања на правото на абортус во таа сојузна држава.

По пребројувањето на 98 отсто од гласовите, против амандманот се изјаснија 59 отсто од гласачите, а го поддржаа 41 отсто. Тоа значи дека парламентот во Канзас со републиканско мнозинство нема да може да донесе ограничувања на правото на абортус во таа конзервативна сојузна држава, каде пациентите пристигнаа од блиските Тексас, Оклахома и Мисури, каде што абортусот е целосно забранет.

По овие резултати, демократите се охрабрени дека прашањето за абортусот на среднорочните избори во ноември ќе ги привлече гласачите на нивна страна, иако тие се загрижени за зголемената инфлација.

„Ова треба да биде повик за будење за противниците на абортусот“, рече Нил Ален, политиколог од Универзитетот во Вичита. „Кога целосната забрана ќе стане реална можност, ќе имате многу луѓе кои излегуваат на гласање и ќе изгубите многу поумерени поддржувачи на ограничувањата за абортусот“, додаде тој.

Бајден: Повеќето Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус.

Ова гласање во Канзас е прво од неколкуте во САД каде државите ќе одлучуваат за прашањето на абортусот. Кентаки, Калифорнија, Вермонт и можеби Мичиген ќе излезат на гласање наесен. Претседателот Џо Бајден им се придружи на демократите низ целата земја во пофалбите за резултатите во Канзас.

„Ова гласање го покажува јасно она што го знаеме: Мнозинството Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус и да имаат право да носат свои здравствени одлуки“, рече Бајден.

Анкетата објавена во февруари од Универзитетот Форт Хејс покажа дека мнозинството жители на Канзас не поддржуваат целосна забрана за абортус. Околу 60 отсто не се согласуваат дека абортусот треба да биде целосно незаконски, а 50,5 отсто од нив рекле дека владата во Канзас не треба да поставува никакви регулативи за околностите под кои тие се вршат.

абортус актуелно ограничување права
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.