Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зависноста на младите од социјалните мрежи доведува до зголемена депресивност, анксиозност и осаменост
Во Фокусот

Зависноста на младите од социјалните мрежи доведува до зголемена депресивност, анксиозност и осаменост

октомври 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Социјалниот живот на младите е префрлен на социјалните мрежи и се одвива онлајн. Тие многу повеќе се присутни на мрежите отколку што одржуваат жив контакт, и се
помалку вешти во социјалната комуникација.

Зависноста од социјалните мрежи кај адолесцентите доведува до зголемена депресивност, анксиозност, создавање негативна слика за себе, зголемена телесната
тежина, но и осаменост.

Ова се заклучоците од денешната онлајн дебата „Дали ни е потребна медиумска диета?“ организирана од Институтот за комуниакциски медиуми како дел од „Неделата против лажните вести“ во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“, финансиран од Европската Унија.

Училишниот психолог Ана Попризова на дебатата посочи дека генерацијата што сега се средношколци уште од своето раѓање сеизложени на социјалните мрежи.

Тоа секако ги менува луѓето, ги менува младите и според неа, е нешто што мора да се земе в предвид.

Попризова забележува дека младите во училиштата се групираат со останатите деца, но секој си го држи телеофонот во рака и секој си гледа и си „скрола“ што се случува во телефонот, а многу малку има гледање во очи и многу малку има директна комуникација.

„Сега целиот социјален живот на младите е префрлен на социјалните мрежи, и се одвива онлајн. Многу повеќе се присутни на мрежите отколку што се одржува тој жив контакт, практично комуникацијата се случува посредно. Ефектите од ова се дека целата оваа ситуација влијае на добросостојбата на младите, се забележува студиите покажуваат и зголемена депресивност, зголемена анксиозност, негативна слика за
себе, се зголемува и телесната тежина и поприсутна е осаменоста кај младите“, појаснува психологот.

Таа додава дека токму заради ова, социјалните вештини кај младите, кои се типични да се развиваат од помала возраст но многу се значајни како ќе се структурираат и развиваат во адолесценцијата, тие сега им се развиваат поинаку.

Психологот појаснува дека кога нема жива комуникација меѓу младите, односно кога пишуваат со некого онлајн, многу полесно стануваат агресивни и навредуваат, затоа нема да се соочат со реакција на соговорникот.

Токму затоа, додава, станува се позачестен сајбер булингот, затоа што младите не го сфаќаат сериозноста на изразениот збор, затоа што не се случува во живо.

Се чувствуваат помалку одговорни за зборовите што ќе ги кажат, ако се напишани.

На младите им е многу важен и имиџот и припадноста во групата, особено потенцира Попризова, ова се случува кај девојчињата. Затоа имаат голем социјален притисок како ќе се претстават на социјалните мрежи.

Тоа ја зголемува анксиозноста: како ќе изгледаат, како да се фотографираат, која фотографија да ја објават.

„Таа припадност во групата или имиџот сега им се мери преку бројот на лајкови кои ги достигнуваат. Тоа ја зголемува напнатоста и на некој начин посветеноста, време што го поминуваат на социјалните мрежи или подготвувајќи се каква фотографија ќе стават или какон настан или кај ќе се чекираат. Тоа е додатен притисок на кој што младите се изложени а не веруваат ни самите а ни возрасните не се свесни“, додава
психологот.

Таа вели дека исто така се создава и чувство на хиперконектираност–постојано се случува нешто, постојано некој нешто постира на сите мрежи во секое време од денот, и тоа кај младите буди чувство декапостојано нешто се случува.

Затоа младите се чувствуваат осамени и имаат лажен впечаток дека многу работи им се случуваат на другите, а само на нив им е тешко.

„Адолесценција е период кога првпат се формираат релации, врски, први симпатии, први љубови, и сега тоа ставете го само на социјални мрежи, може да се случи да вие комуницирате со одредена личност да споделите нешто лично и утре сте блокирани, немате никаква контрола ниту можност да разберете зошто тоа се случува, или најголем извор на анксиозност кај младите е „ме остави на seen“, кога ќе напишат нешто и очекуваат на тоа да им иде возрвратено а нема одговор од разни причини“, додава психологот.

Васка Митова, специјалист психијатар на Универзитетската клиника за психијатрија на дебатата истакна дека не постои временско ограничување за користење на дигитални уреди. Нив ги користат и најмалите деца.

„И на мали деца од најрана возраст им се дава за да се смири детето, да јаде полесно, да гледа цртани, па само да си бира на јутјуб кој цртан да го гледа. Тука најдобро може да се види таа потреба на стимулација од допаминот, кога мало дете ќе пушти цртан па после пушта некој друг, да види нешто ново, некоја нова стимулација, односно бара уште допамин“, додава таа.

За жал, појаснува Митова, ова има големо влијание не само врз физичкиот развој туку и врз психичкиот развој.

Ги гледаме последиците во поглед на потешко градење на социјални вештини кои на младата личност и се потребни за да создаде длабоки релации со врсници, со
фамилија.

„Тешко им е на младите да побараат помош кога имаат потреба, едноставно таа социјална интелигенција, тие вештини на комуниакција кои треба да ги изградиме бидејќи човекот е социјално битие, тие врски се или лабилни или слаби или многу површни. Комуникациските вештини кои се потребни за градење на добро пријателство генерално се ослабени. Младите многу често се чувствуваат сами или осамени и за жал на светско ниво се следи пораст на степенот на анксиозност, на депресија па дури и на обидот за суицид на обиди за самоубиство. Фрапантно е зголемување на овој процент во светски рамки и најмногу се поврзува со почетокот на користење на социјални мрежи“, додава Митова.

актуелно млади социјални мрежи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.