Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заврши Мундијалот во Катар: Аргентина плаче од среќа, Франција од тага
Фудбал

Заврши Мундијалот во Катар: Аргентина плаче од среќа, Франција од тага

декември 19, 2022Updated:декември 19, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Една од најинтересните приказни во историјата на спортот го доби својот краен епилог. По прекрасното финале на Мундијалот, Аргентина е светски првак!

После 120 минути борба, резултатот беше 3:3, а потоа „гаучосите“ победија во пенал серијата, со резултат 4:2, во меч за кој ќе се зборува со генерации.

Првите 45 минути беа демонстрација на силата на „гаучосите“, а за тоа колку тоа полувреме беше тортура за сите во земјата на „галските петли“ говори и фактот што Франција не упати ниту еден удар кон голот на ривалот.

Се очекуваше дека, како и многу финалиња, и вчерашната увертира ќе протече во почетно испитување на силите, но тоа не беше случај.

Селекторот на јужноамериканците, Скалони, постави ултра офанзивна тактика, а од првиот судиски свиреж го нападна голот кој го чуваше Уго Лорис.

Само дефанзивниот блок на Дешан во тие моменти ги спаси Французите, кои едноставно немаа ниту доволно енергија, ниту страст, неопходни за натпревари од ваков тип.

Летаргични, безволни, како да беа на тренинг во тие моменти триколорите.

Тоа што се наѕираше во првиот дел од првото полувреме всушност и се случи, Аргентина поведе.

Во 21. минута Дембеле невнимателно стартуваше и го собори Ди Марија во казнетиот простор, а главниот судија од Полска, Симон Маричињак покажа на белата точка.

Меси мирно ја испрати топката на едната страна, Лорис отиде на другата, гаучосите поведоа во големото финале!

Аргентинскиот „магионичар“ стана така првиот играч во историјата на Светските првенства кој постигнал гол на секој натпревар од групната фаза, а потоа и на секој меч од нокаут фазата.

Веќе во 36. минута Ди Марија по фантастична тимска акција погоди за 2:0!

Фудбалска рапсодија на „гаучосите“, тотална доминација, Французите во нокдаун, едноставно не знаеја што ги погоди!

Дешан целосно ги загуби нервите, а се чинеше, барем во тој момент, и конците на играта, и направи нешто што не се гледа во финалињата на Мундијалите.

Селекторот целосно изиритиран од изданието на своите играчи го испрати Оливие Жиру на клупата, после Мбапе најдобар на овој шампионат.

На клупата за резерви се пресели уште една ѕвезда на „триколорите“, Усман Дембеле.Во игра влезе Маркус Тирам, синот на легендарниот Лилијен Тирам, а покрај него влезе и Коло Муани, за многу љубители на фудбалот тотален анонимус.

Станува збор за играч на Франкфурт, кој дотогаш само два пати играше на првенството, и тоа против Тунис, во меч кој немаше никакво резултатско значење, а потоа како „џокер“ влезе во полуфиналето против Мароко.

Со резултат 2:0 за „гаучосите“ се замина на одмор.

До 68. минута, верувале или не, избраниците на Дешан не упатија ниту еден удар кон голот.

По Жиру и Дембеле, теренот го напушти и Гризман.

Дешан се чини се предаде, во најважниот меч годинава селекторот на „галските петли“ ги извади сите ѕвезди освен Мбапе. На теренот влезе последниот играч за врска на Реал, Камавинга.

Офанзивни играчи си заминуваа, дефанзивци влегуваа, се чинеше дека легендарен играч, а сега и трофеен тренер, ќе биде „распнат“ во француските медиуми.

И тогаш, во моментот кога се чинеше дека се чека само последниот судиски свиреж, „хорор“ финалето за Французите се претвори во драма за целиот свет.Стоперот на Аргентина, Николас Отаменди стартуваше невнимателно, главниот судија повторно покажува на белата точка, само овој пат во корист на „триколорите“.Погодува Мбапе, за неочекувана надеж.

И само две минути подоцна, БУМ!

Повторно тој чудесен суперталент маестрално ја зафаќа топката и делириум на величествениот „Лусаил“, а мечот оди во продолженија.

Светот го доби тоа што го сакаше, драма, спектакл, борба до последниот атом на силата и капка пот.

После 90 минути борба гради во гради, без гард, конечно и едните и другите застанаа на топката, веројатно исцрпени од убиственото темпо што го имаше низ целиот натпревар, а потоа, второто продолжение и бомбардирање на голот чуван од Лорис.

Шансите постојано се нижеа, за да во 109. минута повторно настане делириум на трибините кои беа исполнети со страсни Аргентинци.

Една гужва во казнетиот простор, и кој друг, ако не Лео Меси.

Повторно заличи дека тоа е крај, но љубителите на најважната споредна работа на светот добија продолжение на трилерот.

Марчињак повторно покажува на пенал, повторно за Франција, и Мбапе повторно погодува, а мечот оди во пенал серијата, која ја добива Аргентина и станува светски шампион.

 

АРГЕНТИНА – ФРАНЦИЈА 3:3

Стадион: „Лусаил“

Гледачи: 88.966

Судија: Симон Марчињак (Полска)

СОСТАВИ:

Аргентина: Мартинез – Молина, Ромеро, Отаменди, Таљафико – Ди Марија, Де Пол, Фернандез, Мекалистер – Меси, Алварез.

Селектор: Лионел Скалони.

Франција: Лорис – Кунде, Варан, Упамекано, Ернандез – Гризман, Чуамени, Рабио – Дембеле, Жиру, Мбапе.

Селектор: Дидије Дешан.

актуелно Аргентита Катар Мундијал Франција шампионат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.