„Ви се поклонувам за се што правите за својот град и за својата татковина. Браво за оваа величествена слика вечерва. Ми ја наполнивте душата! Победуваме!, рече Зоран Заев вечерва на митингот во Битола.
Заев на битолчани им вети подобар живот и дека тоа ќе го почуствуваат уште во првата година од новата власт предводена од СДСМ.
„Една мјака ми кажа врати ми го детето дома. Нема живот без деца, нема живот ваков каков што живееме. Еден пусти живот имаме. Ве повикувам да ја довршиме борбата до крај. Да го вратиме животот кој битолчани го живееја, а заборавија да го живеат. Ви ветувам, ви давам збор“, истакна меѓу другото Заев
Лидерот на СДСМ од Широк сокак рече порача дека на 11 декември ќе заврши оваа, како што тој ја нарече, театарска претстава на ВМРО-ДПМНЕ и дека народот ќе ја спушти завесата.
Заев најави инвестиции, заштита на работниците и К15, намалување на бројот на предмети во основното образование и укинување на екстрното тестирање, потрошувачки совет кој ќе го водат пензионери кои ќе ги мерат цените на мало, најави и спортски фонд.
На крајот, тој се осврна и на федерализацијата и конфискацијата.
„Федерализација ќе нема. Ама, конфискација, е конфискација ќе има“, рече Заев.