Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев во Берлин ја прими наградата за човекови права, парите ќе ги донира во Државниот здравствен солидарен фонд
Македонија

Заев во Берлин ја прими наградата за човекови права, парите ќе ги донира во Државниот здравствен солидарен фонд

ноември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Верувајќи во мултилатералниот пристап успеавме да се дигнеме над проблемите и заедно со нашите партнери во Европската Унија и НАТО да почнеме да закрепнување.

И во сите тие услови рековме дека е време за дијалог за сите отворени прашања, рече премиерот Зоран Заев на кој попладнево во Берлин му беше врачена наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).

Тој нагласи дека парите од наградата ќе ги донира во нашиот државен здравствен солидарен фонд во борба против Ковид 19.

– Првиот стих на нашата химна вели „Денес над Македонија се раѓа ново сонце над слободата, слободата е нашиот мотив сонцето е нашата инспирација. Би лажел ако кажам дека изминатите четири години се лесни. Не се, најрпво моравме да ја ослободиме држава од стегите на партизацијата и да донесеме професионализација,процес кој е голем, трае и ќе трае се до конечна слобода, рече Заев, додавајќи дека ја реконструирале економијата со инклузивен поглед правична за секого подеднакво, како и слободното судство.

Потенцира дека имаме одличен план кој го реализираат во борбата не само со вирусот туку и сите импликации кои тој ги носи, притоа, како што вели, држејќи ги во фокус сите потреби на граѓаните.

– Да потсетам на двата клучни договори кои ги постигнавме со нашите соседи и со кои историјата ја искористивме како алатка за градење на иднината, за создавање на нови мостови на соработка. Човековите права и правото на самоопределување на секој граѓанин не може да бидат предмет на дипломатски преговори и договори. Тие се потврдени и гарантирани принципи на меѓународното јавно право и придобивките од истото. Затоа непобитен е фактот дека македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност, рече Заев.

Оваа награда ја посвети на сите генерации кои ја градеа и градат државата, и на секој кој дал придонес во формирањето цврсти темели на мирот и слободата.

– Да ги поттикнам и се надевам и инспирирам генерациите кои доаѓаат после нас. Борбата за демократија, општествена и економска правда не е конечен чин. Таа се менува, прилагодува, учи и секогаш без разлика на тоа колку некој ќе ја потисне, секогаш излегува на површина, додаде Заев.

Претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Курт Бек, кој му ја врачи наградата, потенцира дека голема е честа што наградата му се доделува на премиерот Заев, бидејќи, како што посочи, последните години со големо внимание следеле што направил тој за земјата.

– За ангажманот за заштита за човековите права, за сите важни одлуки кои ги презедовте е потребна храброст, рече Бек обраќајки му се на премиерот Заев и додавајќи дека оваа награда е и благодарност и охрабрување, не само за носителот на наградата и за нашата земја, туку и општо за сите општества.

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас во своето обраќање посочи дека Зоран Заев влева надеж на една цела генерација на која, како што посочи, и беше доволно од тоа постојано да се занимава со национализам и со една политика насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината.

– Замислете си страшно сценарио во една деморкатија, приврзаниците на една Влада го напаѓаат Парламентот. Напаѓачи кои со столици напаѓаат пратеници, а присутните новинари се истепани и владее хаос. Сето тоа беше резултат од долгомесечни блокади за формирање на влада и една политичка плурализација без преседан. Преходниците на Заев реагираа со насилство. Но, ти господине Заев излезе како победник, рече Маас.

Според него, токму Заев е предводник на едно двозвучје од национално единство и врската со Европа. Заев, како што посочи тој, постигнал значителни чекори, ја зајакнал правната држава, се бори за независно судство, се бори проив корупција и донел достоинство во демократијата. Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција, преку видео порака која се прикажа на церемонијата на доделување на наградата, истакна дека Заев покажал храброст и прогресивно лидерство што ја смени судбината на земјата и Западниот Балкан, без, како што посочи, да се двоуми во справување со политичката кауза.

– Денес тој продложува во тој дел и се надевам дека ќе го следат повеќе лидери во Европа, рече Ципрас.

Урсула фон дер Лејен, претседателката на Европската комисија, нагласи дека Заев испишал историја, ја приближил земјата кон ЕУ и се насочил кон иднината, наместо кон минатото.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедосна политика Жозеп Борел истакна дека Зоран Заев ја следи својата визија да ја стави Северна Македонија на патот за влез во ЕУ и ја внесе земјата во НАТО. Заев, како што рече тој, придонесе за придвижување на целиот регион кон ЕУ.

– Во денешниот свет ни треба храбро лидерство што ќе им служи на мирот просперитетот и помирувањето, лидери кои ги ставаат интересите на граѓаните и земјата над своите лични интереси, тоа Зоран го стори.

Честитам, рече Борел.

Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент, во видео пораката нагласи дека Заев донел стабилност и мир во целиот регион.

– Да се потсетиме на конфликтот меѓу Северна Македонија и Грција, во одредени фази се закануваше да ескалира. Човек како Зоран Заев е во вистинска смисла на зборот мировен политичар, нагласи Шулц.

На церемонијата во Берлин присуствуваа и шефот на дипломатијата на С Македонија Бујар Османи, поранешниот германски министер за внатрешни работи и пријател на Заев, Ото Шили, како и други гости од политичкиот и јавниот живот на Германија.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/383075226143447

актуелно берлин Заев награда фридирх ехберт човекови права
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.