Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Главен организатор на „27 април“ е Груевски, а не Јанакиески, Ристовски и Вељановски
Судски процеси

Заев: Главен организатор на „27 април“ е Груевски, а не Јанакиески, Ристовски и Вељановски

ноември 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не мислам дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука.

Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот
организатор Никола Груевски.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи како сведок на прашање од Судот во однос на конститутивната седница во Собранието од 27 април 2017 година.

„Сите верувам дека посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука“, рече Заев.

Тој додаде дека според негови сознанија овие луѓе се изманипулирани од
главниот организатор Никола Груевски.

„Не мислам дека се осмислувачи и организатори на тој настан. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело“, рече Заев.

На почетокот на денешното рочиште, Заев рече дека не може да дадам забелешки во однос на водењето на конститутивната седница на 27 април 2017 година.

„Тоа што беше поинакво тој ден беше давањето на збор на пратеници на крајот од говорница или нивно неспречување надвор од Деловникот на неколку минути пред крајот на седницата“, изјави премиерот Заев, одговарајќи како сведок на судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прашан дали конститутивната седница завршила тој ден, Заев рече „да“, точката за избор на претседател на Собранието, заврши на седницата на  27 април.

Заев, кој е повикан како сведок на одбраната, на прашање на бранителот на обвинетиот Трајко Вељановски, рече дека бил присутен на продолжението на конститутивната седница на 17 април 2017 година во Собранието.

Прашан дали спикерот Трајко Вељановски повикал некој пратеник да се откаже од правото на збор, Заев рече дека не се сеќава дека имало повик до некој пратеник да се откаже од правото на збор.

„Се сеќавам на седницата и не можам да изразам забелешка дека на некој пратеник му било скратено деловничко правото на збор“, изјави Заев.

Прашан дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница, Заев рече дека не се сеќава точно, но дека е сосема можно.

„Логично е дека како претседател на парламентарното мнозинство во тој дел сум барал, заедно со останатите колеги, да продолжи седницата се до нејзино завршување“, изјави Заев.

На денешното рочиште треба да сведочи и пратеникот Адрим Гаши.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

27 април актуелно груевски Заев организатор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.