Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев – Гловер: Владата ќе овозможи услови за фер и демократски избори
Македонија

Заев – Гловер: Владата ќе овозможи услови за фер и демократски избори

септември 26, 2017Updated:септември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија.

На средбата, тој посочил дека сите институции инволвирани во изборниот процес, вклучително и политичките партии, треба да придонесат во спроведувањето на фер и демократски избори.

„Поучени од лошо организираните избори од минатото, не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации на кои работевме многу во изминативе неколку месеци за да ги направиме реални нашите шанси, истакнал премиерот Заев.

Нагласувајќи дека спроведувањето на изборниот процес е еден од клучните критериуми за исполнување на стратешките цели на Република Македонија, премиерот Заев ги истакнал цврстите заложби на Владата за строги санкции за секој поединец или организација кои ќе се осмелат да се впуштат во прекршување на регуларноста на изборниот процес, како во предизборието, така и на денот на изборите.

Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ го запознала премиерот со нивните претстојни активности поврзани со изборниот процес, за бројот на краткорочни и долгорочни набљудувачи на мисијата, кои веќе се на терен и го мониторираат отпочнатиот предизборен процес, и го информирала премиерот дека пред денот на изборите мисијата ќе го засили мониторирањето на процесот со дополнителни 200 краткорочни набљудувачи.

„Двете страни, позицијата и опозицијата, имаме сериозна обврска, пред јавноста, пред граѓаните, пред дипломатската јавност исто така, да покажеме дека навистина ништо нема да биде важно ако ја прокоцкаме шансата за организирање на фер, кредибилни и демократски избори, истакнал премиерот Заев.

Тој ја замолил шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, навремено да го информира за сите обиди за нарушување на регуларноста на избирачкиот процес, за да не се дозволи никаков пропуст кој ќе предизвика оспорување на легитимноста на изборите.

„Би сакал да сугерирам, да се посвети повеќе внимание на забелешките на опозицијата, не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите опозициски партии. На овие избори Македонци ќе гласаат за Албанци, и Албанци ќе гласаат за Македонци, тоа е една солидна гаранција за заедничка иднина, која цврсто верувам дека ќе ферментира во една позитивна пракса во иднина, рече премиерот во разговорот со  Гловер.

Од мисијата ОБСЕ/ОДИХР информирале дека веќе остваруваат голем број на средби со граѓани и организации, повторувајки дека тие се тука за будно да ги следат изборите, и оти веќе следната недела ќе го презентираат првиот извештај од почетокот на кампањата во кој ќе ги објават нивните забелешки од дотогашниот тек на кампањата.

актуелно албанци вмро-дпмне Зоран Заев македонија македонци ОБСЕ/ОДИХР одри гловер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.