Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: За технички министер за внатрешни работи е предложено воено лице, ќе видиме дали Уставот го дозволува тоа
Политика

Заев: За технички министер за внатрешни работи е предложено воено лице, ќе видиме дали Уставот го дозволува тоа

декември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев по средбата во Владата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која се разговараше за предлог за технички министер за внатрешни работи изјави оти се работи за воено лице.

„Имајќи предвид дека Мицкоски даде изјава и не соопшти име, јас само ќе кажам дека за министер за внатрешни работи е предложено воено лице и оттука сега испаѓа дилемата дали Уставот согласно член 97 тоа го дозволува, Законот за служба во Армијата и Законот за служба во МВР. Нормално заради ова прашање ние ќе ја консултираме нашата стручна јавност, владината стручна експертиза што постои, но ја повикуваме и јавноста да даде свој став. Убаво е транспарентно да ги искристализираме ваквите работи“, изјави Заев.

Тој рече дека немаат предрасуди за кандидатот, тоа е право на опозицијата и оти првпат го слушнал тоа име иако е полковник во Армијата.

„Но, секако Уставот, законите треба да важат во државата. Затоа имаме уште неколку денови. Јас и нашите советници од двете политички партии сме на отворени линии ова прашање навистина да се изнедри во јавноста. Ја повикувам стручната јавност, да го искристализираме предлогот за да може на крајот да не испадне да доведеме некој во состојба спротивно на Устав да генерира и формализира предлози пред Собранието заради тоа што Собранието на крајот може да донесе и непријатна одлука заради тоа што таму се пратениците тие коишто конечно и одлучуваат“, рече Заев.

Истакна дека во понеделник ќе се знаат и останатите имиња во техничката Влада и изрази очекување принципот на нивен избор да биде етички, да не бидат гонети или под обвинение на јавни обвинителства во државата.

Тој рече дека е важно сите учесници во изборниот процес да бидат одговорни со цел да се обезбеди фер, демократски и регуларни избори.

„Кога зборувавме за кандидатите нормално ние разговаравме дека претседателот на опозицијата како предлагач треба да има предвид кога ги предлага кандидатите единствено да не бидат лица кои се под обвинение на јавни обвинителства во државата заради тоа што од прилика не е ниту етички, ниту би требало да биде дозволиво. Заради тоа останатите имиња освен името на кандидат за министер за внатрешни работи во понеделник во координација јас и Мицкоски ќе бидат соопштени веројатно тогаш и тие ќе ги соопштат имињата“, изјави Заев.

Премиерот посочи дека на средбата го отвориле и прашањето за една изборна единица кој што беше даден од помалите политички партии во Собранието.

„Сакаме да направиме напори ова прашање кое што е на дневен ред и ќе продолжи да биде на дневен ред сигурно се до 12 февруари додека не се распушти Парламентот оти темата е отпочната во самото Собрание. Во духот на она што претставува напори на изнаоѓање на заеднички консензуални решенија разговаравме за можни варијанти. Еве сега да влеземе да го изгласаме законското решение да важи од следните парламентарни избори за тука да го најдеме компромисот, а отворените листи да важат за следните локални избори за да не има директен импакт како аргумент на опозицијата“, посочи Заев.

Тој повтори дека СДСМ е на став дека треба да имаме една изборна единица, апелирајќи да се најде решение и на тоа прашање.

актуелно внатрешни работи воено лице Заев технички министер Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.