Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев за „Њујорк тајмс“ за француското вето: Тоа ме уништи лично, психолошки
Македонија

Заев за „Њујорк тајмс“ за француското вето: Тоа ме уништи лично, психолошки

ноември 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Светлината на Европа е нашата водилка.

Сега кога тие светла згаснаа ние сме во темнина и кој знае каде може да тргнеме, вели премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“.

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

Прашан зошто се одлучил за така драматичен чекор, тој вели дека немал избор.

„Ако не организираме избори, национализмот ќе расте. Преплашен сум, вели Заев во интервју за „Њујорк тајмс“.

Според весникот, пред само два месеца, лидерот на малата балканска земја одеше високо, поздравен од светските лидери и пофален од првиот човек на ОН за понудената ретката светла точка во инаку проблематичното глобално опкружување, по што се најде и на листата на кандидати за Нобелова награда за мир.

Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја за решавање на тридеценискиот спор за името со соседна Грција. Со често макотрпна дипломатија и против сите очекувања, тој успеа. Но, како што седи во својата канцеларија во главниот град Скопје, сето тоа изгледа така далечно, пишува Марк Сантора, дописникот на „Њујорк тајмс“ од Варшава одговорен за Централна и Источна Европа.

„Се кршам одвнатре, вели Заев, во интервјуто.

Промената на името, според весникот, се очекувало да го расчисти патот на Северна Македонија за пристапување кон Европската унија, но минатиот месец Франција стави вето на одлуката, барајќи реформа на процесот на проширување на Унијата. Тоа ја дестабилизира владата во Скопје и уште пострашно, наведува весникот, се заканува на кревкото статус кво во регионот по крвавиот распад на Југославија во 1990-тите.

„Тоа ме уништи лично, психолошки, вели Заев за „Њујорк тајмс“, изразувајќи загриженост не само за себе и земјата, туки и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Национализмот и радикализмот повторно може да добијат на сила, вели Заев, додавајќи дека повторно постои ризик од отворен внатрешен кофликт во државите, но и од нови конфликти меѓу државите.

актуелно Заев Њујорк тајмс француско вето
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.