Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев категорично ги демантира лагите во текстовите на „Курир“ и „Република“
Во Фокусот

Заев категорично ги демантира лагите во текстовите на „Курир“ и „Република“

октомври 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев, вечерва испрати писма до одговорните лица на порталот „Курир“ (www.kurir.mk), со барање да биде објавен демант со кој категоричнo се негираат изнесените лажни информации во текстот со наслов „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи“, и до одговорните лица на порталот „Република“ (www.republika.mk) за текстот “Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена“, исто така целосно исполнет со лаги.

Во демантот на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев се истакнува дека, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, објавен во Службен весник на РМ, бр. 143 од 14.11.2012 година, и врз основа на Член 6 од истиот Закон кој ја утврдува одговорноста за клевета, се бара повлeкување на текстовите објавени на порталите, на 19.10.2018 во 17:21 часот, на следниот линк: https://kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-pravi-zestok-pritisok-vrz-prate…, и на текстот „Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена“, објавен на 19.10.2018 година, во 18:19 часот, на следниот линк https://republika.mk/972019.

Во реакцијата од Претседателот на Владата Зоран Заев, е наведено дека овие текстови се лаги и клевети кои со ниту еден аргумент не ги потврдуваат наведените тврдења, и така како што се напишани имаат единствено за цел да шират клевети, навреди и невистини за премиерот Заев.

Текстовите во порталите се исполнети со невистини и како такви создаваат лажна слика и наведуваат на апсолутно неточни заклучоци со кои се нанесува свесна штета на угледот на Претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев.

Барањето е овој демант да биде објавен во двата медиуми одделно, како и да биде објавено извинување и целосно повлекување на споменатиот текст, согласно Член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, се нагласува во реакцијата и барањето за демант Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Премиерот Заев за исполнување на правото на демaнт се повикува и на Членот 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во кој во ставот 1 од членот се вели дека „ако навредата или клеветата е сторена по пат на средство за јавно информирање или компјутерски систем, оштетениот има право да поднесе барање за објавување на одговор, демант или исправка во рок од седум дена од денот кога дознал дека е објавена, но не подоцна од еден месец од нејзиното објавување“.

„Врз основа на истиот Член 14, и на неговиот став 2 ве повикувам демантот, придружен со извинување, да биде објавен веднаш, или најдоцна во рок од два дена од доставувањето на ова барање, и на истото место и во ист обем, како и медиумските содржини што се предмет на оваа наша реакција (Став 3, Член 14)“.

Дополнително како текстови на демантот барам да биде објавено ова мое барање во целост, без ниту една уредничка интервенција со насловите: „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи’“, објавен на вашиот портал“, за порталот „Курир“, и „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена’, објавен на вашиот портал“, за порталот „Република“, пишува во барањето за демант на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Во писмената реакција до одговорните лица на порталите „Курир“ и „Република“ се истакнува дека доколку демантот не биде објавен во предвидениот рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата, согласно Член 19, Став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред надлежниот суд утврден со законот.

 

актуелно Заев Курир македонија република
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.