Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Македонската интеграција кон ЕУ забрзува, следи формален почеток на преговорите
Македонија

Заев: Македонската интеграција кон ЕУ забрзува, следи формален почеток на преговорите

јули 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Веста дека Европската комисија вчера го утврди предлогот за Преговарачка рамка за преговорите за членство во ЕУ и го достави на разгледување до државите членки, уште еднаш потврдува дека чекориме напред по патот што го исцртавме. Северна Македонија оди уште поблиску кон Унијата, македонската интеграција забрзува, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.

-Оваа вест доаѓа по цели 19 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата кон ЕУ, 15 години од добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година, рече Заев.

Изрази очекување дека веќе наредната недела да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво, и, како што рече, во периодот пред нас рамката да биде усвоена од државите членки, со што преговорите и формално ќе може да започнат.

-Вчерашниот ден е само силна потврда дека нашата татковина сигурно чекори на европскиот пат, пат кој носи суштински реформи, владеење на правото, економски развој, здрава животна средина, силно земјоделие и шанси за подобар живот на сите македонски граѓани, тука – дома. Ова е процес што ни ја носи Европската унија дома.

Со отворањето на преговорите ние почнуваме нова фаза од нашето унапредување, нова фаза од македонската европеизација, рече Заев.

Според него, тоа ќе значи и започнува побрзо воведување европски стандарди во сите области, наша интеграција во економскиот и политичкиот систем на ЕУ. -Двете стратешки определби ги остваруваме во период од само три години. Тоа е успех на Владата, институциите предводени од СДСМ, тоа е успех и на сите граѓани кои се определни иднината да ја градиме во ЕУ, посочи Заев на прес-конференцијата пред
Собранието на РСМ.

Изрази благодарност на историското хрватско претседателство со ЕУ, што, како што рече, ни ја донесе одлуката за почеток на преговорите за членство во март оваа година.

-Големо задоволство ни е што токму вчера, на првиот ден на германското претседателство со ЕУ е утврдена преговарачката рамка како предлог до државите членки. Убедени сме дека со помош на институциите на ЕУ и под водството на германската канцеларка Меркел во текот на германското претседателство оваа Преговарачка рамка ќе биде усвоена и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членство со прва Меѓувладина конференција отварајќи ги поглавјата од првиот пакет, а тоа се: Поглавје 23- Правосудство и темелни права; Поглавје 24- Правда, слобода безбедност; Економските критериуми; функционирањето на демократските институции; реформата на јавната администрација; Поглавје 5- Јавни набавки; Поглавје 18- Статистика и Поглавје 32- Финансиска контрола, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека ова е многу сериозен процес кој може да го води само политичка влада, про-европска Влада, демократска Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата „МОЖЕМЕ“. Докажавме дека знаеме и умееме да ја водиме државата по вистинскиот пат, низ стабилни и сигурни води, во патека на постојан развој, стабилност и демократија.

Повика на 15 јули масовно да се излезе на гласање и да се даде поддршка, како што рече, овој пат и оваа успешна приказна да продолжи успешно за сите граѓани, за сите нас.

-Северна Македонија, македонскиот народ, сите граѓани од сите заедници и ние како власт, покажавме решителност, капацитет, способност и патриотизам да ја издигнеме државата на ниво со европските развиени држави и подготвени да ги браниме интересите на нашата економија, нашето земјоделство, нашата животна средина и се што наше, а воедно е и европско. Во таква држава заслужуваат да живеат сегашните, но и идните генерации, истакна Заев.

актуелно ЕУ Заев интеграции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.