Имавме конструктивна размена на мислења во однос на перспективите на Македонија во ЕУ. Се согласивме дека Македонија и останатите земји од Балканот се партнери на ЕУ и ни треба нивна поддршка повеќе од кога и да било, изјави Премиерот Зоран Заев, по средбата со Комесарот Хан.
Зајакнување на процесот на интеграции во ЕУ, за нас членството во ЕУ нема алтернатива тоа е клучен стратешки приоритет. Македонија е земја кандидат од 2005 и се уште ги нема започнато преговорите за членство. Крајно време е овој процес да се придвижи напред, вели Заев.
Тој изјави дека за Македонија од огромно значење е развојот на добрососетските односи и дека новата влада веќе почнала да работи на подобрување на односите со соседите.
Заев најави билатерална средба во Софија со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, а исто така напомена и за средбата на министерот Никола Димитров со грчкиот министер за надворешни работи.
На новинарското прашање како новата Влада планира да ги спроведе реформите за кои е потребено двотретинско мнозинство во парламентот, Премиерот Заев рече дека очекува од опозицијата да соработува со владата бидејќи тоа е единствен и најбрз начин Македонија да се врати на евроатланскиот пат.







