Со оглед на тоа дека службениот авион на Владата на Република Хрватска се расипал заради што претседателот, Зоран Милановиќ, не присуствуваше на крунисувањето на британскиот крал Чарлс, премиерот Андреј Пленковиќ и неговиот словенечки колега, Роберт Голоб, заедно тргнаа на самитот во Молдавија, со службениот авион на Словенија.
Пленковиќ преку објава на Твитер му се заблагодари на Голоб.
„Му благодарам на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб, за гестот. Заедно отпатувавме на самитот во Молдавија, на којшто ќе разговараме за политичките и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и ќе ја потврдиме понатамошната поддршка за Украина. Градиме добрососедски и пријателски односи“, напиша Пленковиќ.
Во фокусот на средбата на 47-те шефови на држави и влади ќе се одржи денеска на винскиот имот Кастел Мими во Молдавија, првенствено е војната на Русија против Украина, проширувањето на ЕУ и интензивирањето на меѓусебната соработка меѓу европските држави – освен Русија и со неа поврзаната Белорусија.







