Холандската полиција го затвори Биненхоф – комплесот згради во кои се наоѓаат двата дома на холандскиот парламент, како и канцеларијата на премиерот, заради закана за поставена бомба.
Според информациите објавени на официјалниот профил на полициската управа на Твитер, полицајците реагирале по пријава за бомба.
Полицијата покренала истрага, но не даде дополнителни детали.
Наредбата за евакуација е издадена откако во Биненхоф пристигнаа новинари за да присуствуваат на конференцијата по повод формирањето на новата влада.