Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција–Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје вечерва на подрачјето на скопски Бит пазар на улица „192“ запленија над 30.000 парчиња пиротехнички средства.
„Во врска со случајот приведени се две лица“, информираат од МВР.
По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.