Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, е во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Претпладнево премиерот Ковачевски беше пречекан со највисоки државни почести од неговиот словенечки колега, Роберт Голоб.
Следува тет-а-тет средба на Ковачевски и Голоб, по што ќе има и билатерална средба на македонската и словенечката делегација, проследена со потпишување заедничка декларација за зајакната соработка помеѓу двете држави и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.
Долгогодишното пријателство на Македонија и Словенија има потенцијал да придонесе во многу процеси од значење за регионот и за ЕУ и во таа насока е и денешната официјална посета на премиерот Ковачевски и владината делегација.







