Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За влез во Венеција ќе се плаќа три евра
Финансии

За влез во Венеција ќе се плаќа три евра

октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Венеција од следната година ќе воведе туристичка такса за влез во градот од најмалку три евра за гости кои се во нејзина еднодневна посета.

Таксата, најавена пред речиси една година и која требаше да биде воведена од 1 јули 2020 година, ќе се применува на еднодневни излетници кои стигнуваат со автобус, брод, водено такси, авион или со воз, но не и на оние кои престојуваат во хотели, пренесува порталот „травелмаркетпорт.ком“.

Венецијанските власти објавија дека нивото на таксата ќе биде прецизно утврдено пред датумот на стапување на сила на уредбата, во која, како што се забележува во текстот, предложениот износ е меѓу три и 10 евра дневно, што значи дека во шпицот на сезоната износот ќе биде поголем.

Исто така, се додава дека оваа давачка ќе биде наплатувана и на островите Мурано и Бурано.

Од таксата ќе бидат иземени патниците кои во Венеција доаѓаат заради работа, на студии или од семејни причини.

За начинот на плаќање сеуште се разговара и тој моментно се разработува.

Тие кој ќе се обидат да се прошверцуваат во градот ќе се соочат со глоба од 100 до 450 евра.

Оваа даночна иницијатива е најнов обид на градот во борбата против негативните ефекти од масовниот туризам, кој во последните неколку години ги мачи популарните европски дестинации.

Венеција во текот на 2017 година примила повеќе од 36 милиони странски туристи, што претставува раст од речиси 10 отсто во однос на претходната година. Градот има близу 55 илјади жители.

Парите собрани од туристичката такса ќе се користат како допринос за одржување на градот, со што делумно ќе се неутрализираат високите давачки кои локалното население ги плаќа за комунални услуги, како што е на пример за фрлањето и однесувањето на сметот.

Венеција данок такса
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Градските власти на Венеција планираат да ја зголемат цената на туристичкиот билет

септември 29, 2026

Во Венеција вечерва почнува 83. Меѓународен филмски фестивал

септември 2, 2026

Бислимоски: Доколку ЕУ не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ

декември 15, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.